You are on page 1of 9

Тема – Потекло

“Just Friends” е позната композиција која се вбројува во џез стандардите. Во 1931


година ја напишал Џон Кленер, а текстот е на Сем Луис. Ред Мек Кензи и неговиот
оркестар први ја претставиле оваа песна во октомври 1931. Но откако Раз Колумбо,
еден од напознатите вокали во тоа време ја испејал заедно со оркестарот на Леонард
Џој во 1932, оваа песна станала хит. Истата година оваа композиција била изведена и
од Бен Селвин и неговиот оркестар и одтогаш па се до денес е една од најпознатите
композиции во џез музиката, изведувана и снимена од многу артисти и џез музичари.
Во 1987 гитаристот Лери Кориел ја преработил оваа песна за неговиот албум Току Ду.

Овој стандард е поетска балада за двајца вљубени кои со текот на времето останале
само пријатели.

Стил, мелодија, форма:

Оргинална G major
нота
Форма A – B1 - A – B2
Тоналитет Примарно major
Надолу петини, четвртини и третини со разубавени
Движење тонови, а нагорното движење во главно е по
степен. Долги и одржливи позиции.

“Just Friends” оргинално била балада која вообичаено денес е отсвирена со убрзано
темпо, поради бавниот мелодиски и хармоски ритам. Хармоската прогресија
започнува со IV – I, но потоа продолжува со ct˚7 (следејќи ја бас линијата од четвртиот
степен на скалата), а потоа од ii7 – V7 привидно решено во iii – vi. Се задржува овде
накратко во релативен “minor” , пред да се врати во II7 (V7/V) – V7.

И повторно, постои привидна резолуција што оди во втората „А“ до V7 – IV (некои овде
користат хроматско преминување на акордот). Бавната природа на оваа песна ги тера
џез музичарите да додаваат разувавени акорди и замена некои.
Хармонска анализа:

Најпрво оваа песна е во оргинален тоналитет од G maj од кој се добиени Cm7 и F7 од


каде доаѓа до промена на модулот, но нема модулација. Потоа се идентификуваат
F#m7 и В7 како прости “ii од vi”и “V од vi” за разлика од “ii од V од ii“ и “V од V од ii”.
Тоа е затоа што и двата „vi“ и „V“ од „ii“ имаат ист корен (субмедијантот „Е“), а
различна функција. Додека „vi“ е само акорд изграден врз шестиот степен на скалата,
„V од ii” имплицира акорд кој има улога на доминанта во однос со супертоникот.
Инаку доминантните акорди можат да ги пополнат преостанатите други улоги, да
функционираат како центар на хармонското движење или како контрапунктен акорд
кој ги поврзува и подржува другите акорди. Главната доминантна функција е да ја
води музиката назад кон тоникот. Слични се и секундарните доминанти како „V од ii”
кои ја водат музиката кон нејзините респективни транзитни тоници, „V од ii” води кон
ii.

Првата нота од 28 такт е центар сама по себе и од мелодиското и од хармонското


движење, и Em7 е повеќе од акорд на резолуција или место за пауза, отколку акорд кој
ја води музиката кон супертонскиот акорд. Не ја согледуваме смислата дека Em7 игра
доминантна улога, затоа што е хармонски центар самиот по себе, а тој центар
едноставно е “vi”.

Кога ќе ги погледнеме првите 10 такта на песната може да видиме дека отварањето на


мелодијата содржи мелодиска секвенца, забележуваме дека фразите се идентични.
Втората фраза е хармонска и не е транспозиција на првата, па затоа и секвенцата е
само мелодиска.
Тема – Потекло

“You’d be so nice to come home to” ја напишал Кол Потер во екот на Втората Светска
војна во 1942 година. Напишана е во оптимистички дух со меланхолична мелодија и
стихови, па како таква имала големо значење за војниците кои зад себе ги оставале
својте сакани. За прв пат е снимена во 1943 година за филмот “Something to shoud
about”, а оргиналните изведувачи се Џенет Блеир и Дон Амеч. Најголемиот успех и
популаризација оваа балада ги доживеала со изведбата на Дина Шор и оркестарот на
Пол Вестон. Снимена е речиси од сите позначајни инструменталисти и вокалисти од
втората половина на 20тиот век, па се до денес, а останала популарна и меѓу пејачите
на популарна музика. Ела Фицџералд, Били Холидеј, Сара Вот, Нина Симон, Френк
Синатра, Тони Бенет, а потоа и Нора Џонс, Ејми Вајнхаус, се меѓу најпознатите
вокалисти кој ја снимиле оваа песна во своја верзија, а меѓу познатите изведувачи –
инструменталисти се вбројуваат гитаристите Џим Хал, Џо Пас, Џон Скофилд, Пет
Мартино, потоа пијанистите Бил Еванс, Херби Хенкок, Кит Џеред, саксофинистите Џон
Колтрејн, Лестер Јанг, Вејн Шортер, додека меѓу трубачите Чет Бејкер, Мајлс Дејвис,
Кларк Тери и многу други изведувачи.

Стил, мелодија, форма:

Оваа композиција припаѓа на Би-Боб, стил во џез музиката. Темата е напишана во Б


дур, во 4/4 такт, со триолска свинг пулсација, а што се однесува до формалната, како и
хармонската страна на композицијата, таа е напишана во форма стандардна за
музиката од 40тите години на 20от век: два пати по 16 такта, каде исто така
стандардно, второто навраќање на темата, во последните 8 такта има поинаков
хармонски и мелодиски тек во споредба со соодветните 8 такта од првата волта и
завршува на дурска тоника, за разлика од првата волта која завршува на доминанта за
почетната молска тоника, која е шесто стапало во односот на дурскиот тоналитет.
Ваквите композиции, во формална смсла би можеле да се третираат како А-Б-А-Ц, каде
секоја формална единица би траела по 8 такта. Во хармонска смисла, ова е веројатно
поретко.
Хармонска анализа:

Генерално, хармонската слика изгледа како што следува: темата започнува со пред
такт, во траење од две времиња, по што следи првиот ткт со тоничниот G7 (шесто
стапало во Bb дур). Во вториот такт имаме доминанта за G, по што во третиот такт
повторно следи истиот тоничен G7, кој трае два такта. Во следните 4 такта (5ти до 8ми
такт) имаме каденца II-V-I кон четвртото стапало - Es maj, што практично значи дека во
овие 4 такта композицијата модулира во субдоминантниот дурски тоналитет, при што
имаме еден такт субдоминанта F7, еден такт доминанта Bb7 и два такта
тоника.Веднаш по ова следи навраќање во оргиналниот тоналитет, повторно во G,
каде каденцата се движат стандардно, со исти траења како и кај претходната
модулација во споменатиот дурски тоналитет. Последните 4 такта од првата волта
завршуваат на доминанта D7 за тоничниот G. До оваа доминанта D7 се доаѓа повторно
преку каденца, која претходно води до неа, значи имаме повторно II-V-I каденца, која
овде води кон доминантата: еден такт полунамален септакорд кој од перспектива на
доминантата е второ стапало E7b5, потоа еден такт доминанта за доминантата A7, по
што следат два такта на самата доминанта D7, преку која потоа се навраќаме на
формалниот почеток, кој е сега 17ти такт од композицијата. Повторувајќи ги првите 8
такта, следат последните 8 такта т.е втората волта од композицијата, каде имаме
најпрво каденца V-I кон третото стапало во дур, во овој случај D, каде двете функции
траат по еден такт, и потоа слични два такта, со идентичен хармонски однос, овој пат
кон тоничниот G. Во последните 4 такта композицијата хармонски и формално се
заокружува преку каденцата II-V-I кон тоничната дурска тоника Bb, со еден такт на
субдоминантата C7, еден такт на F7 и два такта на тоничниот Bb.

Оваа композиција може да се каже дека не се одликува со голем број на


специфичности, туку повеќе влегува во еден стандарден начин на компонирање.
Тема – Потекло

“Caravan” е џез стандард и една од најпознатите песни од големиот репертоар на Дјук


Елингтон, а егзотичниот звук на оваа позната композиција се должи на композиторот Хуан
Тизол. Најпрво е претставена во 1936 година под диригентската палка на Барни Бигард, но во
присуство на Дјук Елингтон и неговиот оркестар, во бавно темпо нагласувајќи ги суптилните
сенки од диригентскиот аранжман. Оваа композиција била снимена и изведувана од многу
џез музичари како што се Бени Гудман, Чарли Бигард и многу други. Инаку пијанистите имаат
тенденција оваа песна да ја изведуваат во друго темпо, за да ги покажат својте техники на
свирење. Такви биле Арт Татум и Оскар Петерсон. Од вокалстите оваа композиција била
изведувана од Ела Фицџералд, која исто како и пијанистите го променила темпото во својата
изведба, со цел да ги покаже своите способности како импровизатор.

Оваа композиција е претавена во еден американски филм од 2014 “Whiplash”, како доста
важен содржински елемент. Исто така е преработена од браќата Милс, во акапела верзија,
заменивајќи ги иструментите со нивните гласови. Постојат над 350 снимни од „Караван“.

Стил, мелодија, форма и хармонска анализа:

Caravan е композиција со средно темпо од латино стандардите во намалено време


2/2. Темата е напишана во F minor, има 64 такта, а формата е А-А-В-А. Секоја секција
содржи по 16 такта.

Во првите 4 такта може да се согледа дека акордот G7, функционира како


доминантата С7 која е V7 тон од хармонската F minor скала. F minor акордот во овој
случај е Fm7 со што не се вклопува во хармонската F minor скала. И покрај
стандардната II-V-I прогресија во хармонскиот минор, во џез музиката F minor најчесто
е заменуван со Fm7 (каде доаѓа до прогресија во F дорски модус). Пијанистите и
гитаристите најчестто го нагласуваат V7 како II-7 кој полека се вклопува во
прогресијата. Секој од четирите намалени акорди може да користи како замена за
доминантниот 7ми акорд.
Симетричната скала од 8 ноти се состои од најизменично степени и полустепени. Има
2 различни модуса, едниот почнува со полустепен, а другиот со интервал.
Доминантната скала од 8 ноти = полустепен – степен – полустепен - степен.
Оваа скала ги содржи сите акорди од доминанта 7 акорд (1,3,5 и b7), како и b9, D# и F#.
Се користи за доминантниот 7ми акорд, особено кога содржи додадени високи ноти.
Намалената скала од 8 ноти = степен – полустепен – степен – полустепен.

Оваа скала ги содржи сите акорди од доминантниот 7ми акорд (1, b3, b5 и 6). Не ги
содржи сите тонови од доминантата, минор, полу намалени и мајор 7те акорди.

Бриџот во оваа композиција има доста среќно расположение. Акордот на прогресија


се движи во серија од доминантни акорди во круг на петини, се додека да стигне до
Abmaj7, кој е главен тон исто како и F minor. Потоа се враќа во C7 како подготовка за
последната А секција.

You might also like