You are on page 1of 44

Free Jazz

Звук

Звукот на „фри“ џезот варира, но сепак има карактеристични елементи кои го дефинираат
и со кој тој се разликува од останатиот џез. Битно е да се нагласи дека многу „фри“ џез артисти не
сакале да ја дефинираат и класифицираат новата музика, затоа што сметале дека тоа е уште една
лимитација. Во глобала, кога се работи за џез музика, битна е индивидуалната експресија, глас, звук
на изведувачот, што е различно од традицијата изведувачот да се обидува да ја долови емотивната
карактеристика на композиторот.

 Кај фри џез дувачите карактеристична е употребата на поагресивно дување и испуштање


некарактеристични звуци од инструментите
 Има конверзација меѓу импровизаторите и тешка употреба на мотиви
 Се свират многу „неконвенционални“ инструменти и начини на снимање во џезот
 Формата на композициите не е фиксна, како кај полуларната 32-тактова AABA форма.
Ваквата структура е елиминирана и најмногу се сведува на импровизација
 Фри џез музиката вклучува и нови, прогресивни идеи, но и се навраќа на минатото. Вклучува
колективна импровизација како кај диксиленд џезот и Афричката музика.
 Бројот на бендовите бил најчесто помал, меѓутоа има и случаи каде имаме поголем број на
музичари, како кај албумот „Ascensions“ на Колтрејн од 1965
 Фри џезот има такт, има ритам, но тој не е фиксен и не е во циклични, повторувачки сегменти
како кај останатиот џез. Имаме пулсација која е најчесто доста забележителна и свингирана,
но тактот не е фиксен, може да варира, да се забрзува или намалува темпото. Ова прави
движење и динамика која потсеќа на бранови. Битно, многу е веројатно слушателот да
може да тактира на фри џез перформансот, иако е фри
 Иако фри џезот треба да биде ословоден од било каква хармонска, акордова, основа, сепак
се среќаваат такви елементи. Така, често се слушаат дијатонски, алтерирани и блуз
прогресии, линии, но не се дава акцент на било кој од ваквите елементи, туку сите тие се
дел од експресијатa
 Повторно, иако е „фри“, понекогаш се употребува некаква хармонска прогресија, мелодија
или фраза како основа на која се гради перформансот
 Фри џезот настојува да се врати на атоналност

Историја

Еден фин цитат за „фри џезот“ – „Ако би-бапот е реакција на свингот, кул-џезот реакција на
реакцијата, хард-бапот реакција на реакција на реакцијата, тогаш фри џезот е реакција на се“. Фри
џезот се појавува во доцните педесетти и најмногу се развива во шеесетите години од дваесеттиот
век. Несекојдневниот звук на фри џезот не е случајност, туку голем дел од звукот се должи на
политичката ситуација во САД во тоа време. Имено, се уште има последици од Втората светска
војна, а ова е еден од периодите на изразита расна сегрегација. Во 1954 се донесува закон за
оневозможување на едукација на црницте со белите врсници, се појавуват т.н „Freedom Riders“,
познатата кампања од 1963 – „Freedom Summer“ за овозможуавње на гласање на црнците, се
појавуваат т.н „Freedom Schools“ – се на се, терминот „free“ почнува да се користи се почесто.

Така, поради социјално-политичкиот притисок, започнува една тенденција на


ослободување од сите тие стеги и зачеток на нешто ново. За зачетник на фри џезот се смета
саксофонистот Ornette Coleman, познат како пионир на одбивањето на свирење врз претходно
напичани акордови движења и хармонии. Колман верувал дека мелодијата треба да служи како
основа врз која ќе биде градена хармонијата, а не обратно. Уште во првите албуми на Колман се
чувствува неприсутноста на стандардната 32 тактова форма и отстапувањето од акордите. Меѓутоа,
Колман најмногу го оформува фри џезот кога се преселува од западниот брег на САД во Њу Јорк и
кога потпишува за Atlantic. Албуми како „The Shape of Jazz to Come“ и „Shape of the Century“ се доста
поразлични од претходната работа на Колман. Тука е доста доминантна атоналната импровизација.
Секако, на овој звук имало и фанови, и негативни критичари кои сметале дека се свират практично
„глупости“.

Звукот на фри џезот најмногу се оформува со албумот „Free Jazz“ на Колман од 1960 година.
Ова е албумот кој дава име на новиот звук и е доста агресивен, вклучува многу импровизација и за
многу би бил тежок за слушање, (вклучувајќи ме и мене). Секако, за Колман ова било доста
природно и звучело онака како што го замислувал.

Ornette Coleman (1930 – 2015)

Орнет Колман е роден 1930 во Тексас и се смета за основач на „фри“ џезот звукот.
Препознатлив е по неговата атонална импровизација и несекојдневно „агресивно“ свирење на
саксофонот. Интересен е фактот што бил избркан од средношколскиот бенд поради тоа што почнал
да импровизира на познатиот марш „The Washington Post“ – приказна која не се слуша секој ден.
Најпрвин свирел бибап на тенор саксофон, а во текот на младоста работел различни позиции.
Подоцна се префрлува на алт саксофон.

За Колман се вели дека свирел „неортодоксно“ (недијатонски, различно) уште на почетокот


на кариерата, што ќе се одрази повеќе подоцна. Колман вели дека многу повеќе бил заинтересиран
да го свири тоа што го слуша отколку да пробува да се вклопи во однапред детерминираните
структури и акорди. Многумина од западниот брег – Лос Анџелес мислеле дека свири ненаштимано
и било тешко да најде истомисленици со кои ќе може да свири. Меѓутоа, во Њу Јорк го наоѓа Пол
Блеј, пијанист кој го поздравувал свирењето на Колман.

Колман умира на 85 години, во 2015 година од срцев удар.


Тhe Shape of Jazz to Come (1959)

1959 е доста „плодна“ година за Колман. Истата година го издава „Tomorrow Is the
Question!“, албум на кој нема пијанист – елемент кој ќе стане препознатлив за Колман и воедно
нема да употреби пијано се до деведесеттите. Потоа, „The Shape of Jazz to Come“ го издаваат Atlantic
Records и на него свират Charlie Haden на бас, Billy Higgins на тапани и Don Cherry на корнет. Иако
албумот има мелодичен блуз звук, во тоа време се смета за доста авангарден и различен. Акордите
и хармонијата за тоа време се доста невообичаени. Многу музичари во тоа време, вклучувајќи го и
диригентот Leonard Bernstein, Колман го сметале за генијален иноватор.

Од 1948 до 1958, Колман се движи од Њу Орлинс, во Форт Ворт и Лос Анџелес, работејќи
различни професии и градејќи го својот „глас“ на инструментот. Во Лос Анџелес се спријателува со
Percy Heath i John Lewis од Modern Jazz Quartet. Lewis ги охрабрува него и трубачот Don Cherry да
присуствуваат на летна џез школа, на кој Lewis бил организатор. Lewis е исто човекот преку кој
Колман потпишува со Atlantic Records, кои го финансираат за летната школа, иако Колман во тоа
време свири доста софистицирано. Интересно е што Колман во 1959 сериозно размислува да го
напушти музичкиот правец и да студира религија.

Звукот на овој албум е карактеристичен затоа што нема хармонски инструмент (пијано,
гитара...), исто како кај бендот на Gerry Mulligan во тоа време. Секоја композиција има кратка тема,
неколку минути импровизација и на крај репетиција на главната тема. Ова потполно соодветствува
на структурата – „head-solo-head“, како кај бибапот, но тука отсуствува акордовата структура. Инаку,
ова се композиции кои Колман ги креирал подолг период.

Карактеристично е што Колман свири на пластичен „Grafton“ саксофон, кој многумина велат
дека придонесува за неговиот „харш“ звук. Колман го употребува терминот „harmolodic“,
комбинација од хармонија и мелодија, со кој го објаснува начинот на кој тој размислува дури
импровизира. Колман секогаш става акцент на мелодијата, како водечки глас, а не на хармонијата,
како основа која ограничува. Најверојатно ова е една од главните прични зошто не користи
хармонски инструмент во бендот.

Друго карактеристично за звукот на Колман е употребата на т.н „микротоналност“ (каде


интервалите најмалиот интервал не е полу степен, туку помал). Ова често се среќава кај т.н „fretless“
инструменти и кај источната музика.

Темата „Lonely Woman“ e убедливо најуспешно комерцијално издание на Колман.


Започнува со квинтов бас риф и набргу влегува препознатливата тема. Композицијата има статус на
џез стандард и се уште е актуелна.

Темата е напишана во почетокот на педесеттите во Лос Анџелес, додека Колман работи во


стоковна куќа. Имено, инспирирана е од фотографија на која централно место завзема тажна жена,
а позадината вклучува се најскапоцено што парите можат да го купат. Колман вели дека иако
никогаш не бил олку богат, сепак ја почувствувал тагата на жената и колку таа е осамена, покрај сите
материјални благодети.

Овој албум го навестува новиот стил кој ќе дојде – фри џезот.


Free Jazz: A Collective Improvisation

„Free Jazz: А Collective Improvisation“ е шестиот по ред студиски албум на Колман,


снимен во декември, 1960, а издаден во 1961 под Atlantic Records. Со овој албум воедно и
започнува „фри-џез мувментот“.

Највпечатливо е што паралелно свират 2 квартети, еден на левата, друг на десната


страна од стерео каналот. Каректеристична е колективната импровизација, тоа што нема форма и
нема хармонски инструмент. Албумот вклучува речиси 40 минути импровизација – нешто до тогаш
невидено. Свират:

Лев канал

 Ornette Coleman – алто саксофон


 Don Cherry – труба (мини)
 Scott LaFaro – бас
 Billy Higgins – тапани

Десен канал

 Eric Dolphy – бас кларинет


 Freddie Hubbard – труба
 Charlie Haden – бас
 Ed Blackwell – тапани

Cecil Taylor (1929)

Cecil Taylor е американски пијанист и е еден од водечките ликови во фри џез движењето.
Многумина го категоризираат како комплексен импровизатор, кој често експериментира со
несекодјевни звуци, употребува т.н „кластери“ (акорди со најмалку 3 хроматски тонови) и
полиритми.

Роден е во Њу Јорк, 1929 и почнува да свири пијано на 6 години, а студира класична музика
на „New York College of Music“ и „New England Conservatory“. Во 1956 заедно со саксофонистот Steve
Lacy формира бенд, а во 1956 го издаваат првиот албум „Jazz Advance“. Подоцна, во 1958, Сесил
колаборира со Колтрејн и го издаваат „Coltrane Time“.
За време на педесеттите и шеесеттите, музиката на Сесил добива поавангарден,
покомплексен и за тоа време несекојдневен звук. Во овој период соработува со саксофонистот
Jimmy Lyons , врз кој големо влијание има Чарли Паркер. Иако музиката на Cecil е авангардна, Lyons
со своето свирење секогаш се навраќа на традиционалниот џез.

Многу џез критичари веруваат дека „фри“ џезот се зачнува со перформансите на Сесил во
„Five Spot Cafe“ од 1957 и на Орнет Колман од 1959.

Мислам дека коректно е да се нагласи дека авангардниот џез не е за секого, дури не знам
и дали би го слушале самите „авангардни“ артисти. Слушајнето 2 паралелни квартети е доста
напорно, а особено кога нема форма и конкретна структура, туку тон импровизација. Меѓутоа, ова
се обиди за нешто ново и е некакво навраќање кон корените на музиката.

Avant-garde Jazz

Историја

„Авангарден џез“ е поим со кој се опишува музика која се разликува од традиционалните


џез концепти. Ваквиот џез најчесто се обидува на различни начини да избега од конвенционалнта
форма и хармонија и да ги прошири и искомплицира што повеќе. За разлика од фри џезот, ваквиот
џез често знае да има структура врз која се свири импровизација, а знае и да биде целосно, „нота
за нота“, компонирана.

Авангардниот џез датира од средината на педесеттите години и е инициран од група


музичари кои ја шират идејата за нешто поразлично, ново. За разлика од фри џезот, кај
авангардните композиции се среќава поголема организираност, имаме прегледна слика за тоа кои
се позадински инструмнети, а кои соло изведувачи. Во педесеттите години влијателни се Cecil
Taylor, Lennie Tristano, Sun Ra, Ornette Coleman и други.

Инаку, нема остра линија меѓу поимите „авангарден“ и „фри“ џез. Понекогаш двата поима
се употребуваат синонимно. Така, може да се смета дека фри џезот е авангарден, и авангардниот
знае да биде „фри“.

Со авангардниот пристап мислењето на џез аудиториумот се дели на половина. Од една


страна имаме остри критичари на кои не им се допаѓа новиот звук (реално, новиот звук е доста
тежок за слушање), а од друга страна некои ја почитуваат авангардата и ја сметаат за генијална.
Инетересен е Колтрејн, кој е мајстор и за би-бап, и за авангардна музика. Така, и тој е почитувач на
двата правца.
Звук

 Ритамот го отфрлува постојаното „денс“ пулсирање, знае да биде доста комплициран


 Тактот во некои комплексни авангардни дела знае да се менува често
 Хармонијата ги отфрлува конвенционалните акордови патерни и воведува онакви по
потреба на моментот
 Мелодијата не мора да биде препознатлива, или воопшто да постои „head“ мелодија. Може
да се звуци, врева, бучава...
 Структурата е флексибилна, не е фиксна како кај 12 тактовиот блуз
 Освен стандардни џез инструменти, се користат и симфониски и т.н „светски“ инструменти
од разни култури
 Концептот на џез перформансот се менува. Ваквата музика станува сериозна музика на
музичарите и се прави во име на уметноста и музиката, а не во име на достиг на голем
аудиториум
 Инспирација за авангардната музика е пост-воената состојба. Педесеттите и шеесеттите се
периоди на социјална депресија и чувство на бесмисленост. Од тука се иницира потребата
за личен израз, слобода – „експресија“

Претставници

Don Cherry (1936–1995)

Don Cherry e американски џез трубач, најпознат по соработката со Орнет Колман, која
започнува доцните педесетти. Исто, Чери се смета и за пионир на т.н „светска фјужн“ музика од
шеесеттите. Роден е воОклахома, а во седумдесеттите се преселува во Шведска.

Иако ја започнал кариерата како пијанист, најпрепознатлив е по тоа што често свирел т.н
„pocket trumpet“ – мини труба, но ја свири доста софистицирано. Во неговиот „фјужн“ период и по
враќањето од Африка, често свири разновидни афрички и незападни инструменти.

Потекнува од музичка фамилија – татко му бил исто трубач и сопственик на клуб каде
свиреле музичари како гитаристот Charlie Christian и Fletcher Henderson. Во четириесеттите, се
преселува во Лос Анџелес, но не оди во средно училиште, па го префрлуваат во т.н реформациско
училиште, за „деликвенти“. Таму го запознава тапанарот Billy Higgins, со кој понатаму ќе соработува.

Во раните педесетти, Чери свирел на џез сцената во Л.А, а понекогаш и на пијано. Таму го
запознава и трубачот Cliffor Brown, како и Max Roach, Eric Dolphy и други, од кој гледа и учи. Сепак,
најпознат е по соработката со Колман. Во 1958 снима и свири со него, најпрво во квинтет со
пијанистот Paul Bleyand, а потоа поради новата „фри“ филозофија на Колман, се изоставува
хармонскиот инструмент и бендот станува квартет, познат по снимките за Atlantic.
Во 1960 на 2 сесии се снима албумот „The Avant-Garde“, заедно со Колтрејн, кој го заменува
Орнет. Во периодот од 1976 до 1987, свири и снима со составот „Old And New Dreams“, во кој воедно
членуваат тапанарот Ed Blackwell и контрабасистот Charlie Haden.

Во седумдесеттите Чери развива светски „фјужн“ звук, соработува со музичари од источната


култура и учи Индиска и Афричка традиционална музика. Индиската музика е доста софистицирана
музичка форма, вклучува многу ритмички фигури, скали, кои тие ги викаат „раги“ и бара доста
трпение и енергија за да се научат основите. Доста е специфична и бара ментор, домородец кој ќе
може да пренесе соодветно знаење. Па така, Чери студира индиска музика со Vasnat Rai, еден од
најважните ликови во Индиската музика.

Чери има соработувано и со Krzysztof Penderecki, еден од најгенијалните композитори на


денешницата. Во 1987 свири повторно со Колман на албумот „In All Languages“.

Еric Dolphy (1928-1964)

Eric Dolphy е познат американски џез музичар, алт саксофонист, флејтист и бас кларинетист.
Долфи е еден од првите сериозни мулти-инструменталисти од шеесеттите, кој импресивно
импресионирал со својот широк музички вокабулар.

Импровизацијата на Долфи се карактеризира со употреба на широки интервали, употреба


на разни ефекти, звуци за да се истакне експресијата на инструментот. Иако некој го категоризираат
како „фри“ свирач, во импровизацијата на Долфи има силно бибаперско чувство, но сето тоа е на
еден малку повисок степен и звучи покомплексно.

Роден е во Лос Анџелес, а прв инструмент му е кларинетот, кој започнува да го свири на


шест години. Слушајќи ги тогашните џез икони, како Fats Waller, Duke Elington, Coleman Hawkins и
други, се инспирира да свири саксофон и флејта. Студира музика на „Los Angeles City College“ и исто
управува со школскиот оркестар.

Се прославува со свирењето во бендот на тапанарот Chico Hamilton, а се разделваат кога се


преселува во Њу Јорк, како и сите тогашни џез артисти.

Како лидер, Долфи започнува да снима за Pretige. За оваа издавачка куќа издава 13 албуми,
снимени во неверојатно краток период – од април 1960, до септември 1961.

Eric Dolphy и Charles Mingus

Долфи има соработувано со многу музичари, меѓу кои впечатлива е соработката со Мингус.
Се запознаваат во Л.А, а Долфи се придружува во бендот на Мингус откако се преселува во Њу Јорк.
Цитат од Мингус за Долфи – „Долфи е комплетен музичар. Може да се вклопи во било каква
формација. Тој е софистициран водечки алт саксофонист за во биг бенд, но лесно би можел да се
вклопи и во класична формација. Секако, тој е целосно свој кога солира. Може да се каже дека го
има совладано џезот. Ги има совладано сите инструменти кои ги свири. Всушност, знае многу
повеќе отколку што би било доволно да знае.“. Овие зборови на Мингус се доста важни, затоа што
самиот Мингус е лик кој што го барал максимумот од музичарите со кој свирел. Со Мингус свири на
12 албуми и многу живи настапи.

Eric Dolphy и John Coltrane

Друга значителна колаборација на Долфи е со фамозниот Џон Колтрејн. Двајцата се знаеле


долго време пред да почнат да свират заедно. Се запознаваат на концерт на Мајлс Дејвис, каде
Колтрејн свири тенор саксофон. Често разменувале идеи и учеле еден од друг. По извесно време,
Долфи станува член во бендот на Колтрејн. Колтрејн веќе имал стекнато добра репутација од џез
критичната маса, но наидел на негативни коментари кога почнал да се одалечува од хард бопот. Се
снимат две главни сесии во 1961, насловени како „Africa/Brass“ и „Village/Vanguard“, кои иако сега
се одлично прифатени, во тоа време биле критикувани и етикетирани како „anti-jazz“. На Колтрејн
му било особено криво поради тоа што и Долфи наидел на ваква критика.

Од „Vanguard“ сесијата најпрво се одбрани само 3 композиции, од кои има една на која
свири Долфи, но во 1997 се пуштени од страна на Impulse! сите композиции од сесијата. Тука е
вклучен Долфи во голема мера на алт саксофон, бас кларинет, како и флејта.

Последните денови на Долфи

Ерик Долфи умира несреќно на 29 јуни, 1964, во Берлин. Меѓутоа, сигурни детали околу
неговата смрт се уште нема. Регистрирано е дека умира во кома поради недијагностициран
дијабетес. Забелешките од компилацијата на Prestige велат дека Ерик колабирал во хотелска соба
во Берлин и бил однесен во болница, каде е дијагностицирано дека е во дијабетичарска кома.
Потоа, наводно му е дадено инсулин, па западнал во инсулински шок и евентуално починал. Понов
документарец тврди дека Долфи колабирал на сцена во Берлин и дека од таму е однесен во
болница. Таму, базирано на стереотипи, докторите мислеле дека се работи за џез музичар кој
најверојатно е под некакви супстани и го оставиле во кревет дури заврши дејството на истите.

Ted Curson, трубач, ја потврдува оваа приказна и вели дека Ерик никогаш не примал
супстанци и дека бил дијабетичар. Вели „Се што требаше да направат беше еден кревен тест и ќе
дознаеја дека е дијабетичар и не е под никакво дејство. Мислеа дека како црнец, џез музичар, е
џанки. Му дадоа некакви средства за детоксификација и тоа доведе до смрт. Тоа беше воедно и
крајот на клубот во Берлин.“.

Чарлс Мингус вели – „Обично, кога умира човек, се сеќаваш на добрите работи за него. За
Ерик немаше негативна работа на која би се сетил.“.
Колтрејн во едно интервју за Долфи вели – „Што и да кажам би било потценување. Можам
само да кажам дека тој ми го направи животот поубав и дека е еден од најголемите луѓе кои ги
познавам, како човек, пријател и музичар.“ . Мајката на Долфи му ги дала на Колтрејн
инструментите кои Долфи ги донел од Франција.

Art Ensemble of Chicago

Art Ensamble of Chicago (AEC) е авангарден ансамбл кој се формира во Чикоаго во доцните
шеесетти. Ансамбалот продолжува со турнеи и снимања и во 2006.

AEC е препознатлив по тоа што свират џез од сиот спектар и употребуваат најразлични
инструменти, а особено помали инструменти заедно со традиционални. Овие „мали инструменти“
вклучуваат свирки од велосипед, најразлични ѕвона и многу перкусии. Ансамблот исто употребува
костуми и шминка како дел од перформансот. Ова придонесува ансамблот освен што свири, да е и
визуелен спектакл. Запишано е дека во Европа во 1969 бендот свирел на повеќе од 500
инструменти.

Ансамбалот е производ на неколку изведувачи кои сиврат во средината на шеесеттите.


Првиот албум – „Sound“ го издаваат како „Roscoe Mitchell Sextet“ во 1966, на кој Roscoe свири
саксофон, труба свири Lester Bowie, бас Malachi Favors Maghostut. Подоцна се преименуваат како
„Roscoe Mitchell Art Ensamble“. Потоа им се придружуваат Joseph Jarman на саксофон и Phillip Wilson
на тапани.

Битно е што сите биле активни мулти-инструментаисти: Jarman и Mitchell примарно свират
алт и тенор саксофон, но свират од мал сопран до голем бас саксофон, флејта и кларинет. Bowie
свирел „flugelhorn“, корнет, шофар, школки и друго. Басистот Favors свирел и бенџо. Со тек на
време, почнале да користат пијан и синтисајзери.

Во 1969, Wilson ја напушта групата, а бендот свири во Парис, каде станува познат како Art
Ensamble of Chicago. Името доаѓа од француски промотер кој додал „of Chicago“, чисто од
дескриптивни причини, но тоа останало и добро ги служи.

Во 1970 го снимат „Art Ensemble of Chicago with Fontella Bass“ и „Les Stances a Sophie“, со
пејачката Fontella Bass, инаку тогашна жена на Lester Bowie. Албумите се дел од истоимен
француски филм.

Во 1972 се враќаат во САД и квинтетот од Mitchell, Jarman, Bowie, Favors и Moye останува
статичен до 1993. За Атлантик ги снимаат „Bap-Tizum“ и „Fanfare for the Warriors“. Членовите
наскоро прават договорт да ги намалат настапите со бендот за да може секој од нив да работи
индивидуално, а веруваат дека ова довело да работат и опстојуваат долго време. Во периодот од
1972 до 2004 издаваат повеќе од 20 албуми.

Составот на ансамблот се менува во 1993, кога Jarman го напушта бендот и се фокусира на


вежбање зен и аикидо. Bowie умира од рак во 1999, а групата продолжува како трио до 2003, кога
Jarman повторно се придружува на бендото. Во 2004 ненадејно умира басистот Favors на сред сесија
на албумот „Sirius Calling“.

Битно е да се спомне дека ансамблот посветува доста време и енергија на перформансот,


како дел од целокуната слика. Веруваат дека тоа овозможува бендот да се ослободи од
лимитациите кои ги нуди конвенционалниот џез. Мотот на бендот е - „Одлична црнечка музика,
античка до футуристичка“. Jarman вели: „Шминката го претставуваше секој од универзумот, а тоа се
одразуваше и во музиката исто. Затоа и музиката беше интересна, не беше лимитирана само со
западни, источни или афрички инструменти.“.

Светска музика

Charles Mingus (1922-1979)

Мингус е еден од најважните композитори и инструменталисти на дваесеттиот век. Иако


многумина го препознаваат како контрабасист и бурна личност, Мингус е пред се исклучително
важен композитор, припадник на т.н „third stream“ композитори, кои во нивното творештво
вклучуваат класични и џез елементи.

Роден е на 5 април, 1922 во Аризона, САД. Во неговата автобиографија ја опишува мајка му


како ќерка на Англичанец и Кинезинња, а татко му како син на црнец и Швеѓанка. Ова само по себе
го објаснува тенот на Мингус, кој не е доволно црн за да биде „црнец“, ниту пак е доволно бел за
да биде „белец“.

Мајка му дозволувала само црковна музика во нивниот дом, но Мингус се пронаоѓал и во


друга музика, особено во композициите на Дјук Елингтон. Студирал тромбон, па виолончело, иако
во тоа време не било возможно црнец да свири класична музика на виолончело. И покрај ова,
продолжил да свири виолончело, а во доцните триесетти студира контрабас со Red Callender. Но,
Мингус вели дека не почнал да студира бас се додека Buddy Collette не го примил во бендот како
басист.

Поради неможноста од квалитетно образование, Мингус не можел да чита ноти доволно


брзо за да свири во оркестарот за млади. Ова има сериозен отисок врз неговата личност, затоа што
се чувствувал напуштен од класичните музичари. Овие рани искуства, заедно со долгогодишната
конфронтација со расизмот, се одразуваат во неговата музика и личност. Бил многу свесен за цела
неправда и расизам и постојано го кажувал тоа отворено.

Голем дел од техниката која ја научил на виолончело била употреблива и на контрабас, кога
за прв пат го свирел во средно школо. Пет години студира бас со Herman Reinshagen, прв басист во
филхармонијата на Њу Јорк, а со Lloyd Reese учи компонирање.

Дури и тинејџерските композиторски обиди на Мингус се дота напредни и вклучуваат


класични и џез елементи. Мингус набргу се стекнува со репутација како „bass prodigy“. Во 1943 оди
на турнеја со Луис Армстронг. Во 1950 и 1951 свири со трио, но поради неговата обоеност и
проблемите кои ги чувствува, ги напушта составите. Во 1953, Мингус на кратко е член во бендот на
неговиот идол, Дјук Елигтон. Интересен е фактот што Елингтон лично го отпушта Мингус поради
неговиот темперамент и тепачка меѓу него и Juan Tizol, кој му префрлил на Мингус дека не знае да
чита добро.

Во педесеттите свири со Чарли Паркер, што многу влијае врз свирењето на Мингус. Мингус
во неколку наврати го величи Паркер, но исто вели дека бил огорчен од само-уништувачката
природа на Паркер и употребата на дрога.

Во средината на седумдесеттите, Мингус страда од склероза (ALS) и умира во 1979 во


Мексико, на 56 години.

Чичност и темперамент

Мингус најверојатно секогаш ќе се памети како најтемпераментниот музичар во историјата.


Понекогаш бил и насилен спрема членовите од бендот, имал високи очекувања и сакал да го чуе
максимумот од нив. Исто, често пати бил и незгоден со публиката. Физички бил голем, особено во
последните години кога бил многу склон кон јадење и бил изгледал доста страшно кога изразувал
гнев или незадоволство. Исто, многу пати се соочувал со депресија, низ која многу често уметниците
и луѓето кои имаат големи очекувања и идеи поминуваат. Имал кратки периоди на голема
креативна енергија и експресија и долги периоди со реалтивно малку музичка плодност.

Типична случка е во клубот „Five spot“ во Њу Јорк, кога лут на публиката што зборува и става
мраз во нивните пијачки, го прекинува концертот и вели – „Issac Stern (познат диригент) не мора да
го трпи ова.“ и во истиот момомент уништува бас од 20 000 долари.

Пејачот и гитарист Jackie Paris вели – „Ги избрка сите освен мене и тапанарот Paul Motian…
Тројцата свиревме блуз речиси еден и пол час, па потоа дојдоа другите.“. Малку поекстремно, во
1962 го удира тромбонистот Jimmy Knepper во устата затоа што одбил да земе дополнителна работа.
Ова довело до трајно оштетување на „амбажурата“, мускулите со кои дувачите произведуваат тон
и не можел да свири во најгорната октава, карактеристична за тромбонот. Нападот ја прекинува
работната врска меѓу него и Knepper, но сепак Knepper свири со него во 1977.

Мингус во Њу Јорк

Мингус во 1952 ја ко-основа издавачката куќа „Debut Records“, заедно со тапанарот Max
Roach. Целта е да се избегнат големите издавачки куќи, кои знаат да бидат доста напорни и да им
се овозможи на дебитантските музичари да снимат музика, што доаѓа и од името – „Debut“.
Покрај тоа што издавачката куќа има краток век, работи до 1957, издава неколку значителни
албуми. Меѓу нив е последниот документиран настап на Паркер со Гилеспи од 1953, насловен
како „Massey Hall Concert“, каде свират Roach, Bud Powell и Мингу – навистина фантастичен состав.
Контраверзно е што и покрај тоа што ова е обид на Мингус да се спротистави на големите
издавачки куќи, Гилеспи вели дека не добил никакви средства од настапот во Massey.

Интересна е случката кога Мингус свири со Паркер во 1955, каде Bud Powell настапува под
дејство на алкохол и едвај свири. Изнервиран од однесувањето на членовите, Мингус на
микрофон изјавува – „Дами и господа, Ве молам не ме асоцирајте со сето ова. Ова не е џез. Овие
се болни луѓе“. Тука јасно се забележува темпераментниот и реален карактер на Мингус. Ова е
последниот настап на Паркер пред публика, а после една недела умира.

Творештво

Во 1956 го издава „ Pithecanthropus Erectus“. Албумот го вклучува Мингус како водач на


бендот и како композитор. На албумот свират одбрани музичари за четирите композиции кои
траат по околу 10 минути. Насловната композиција ја одразува еволуцијата на човекот.

Во 1959 е издаден можеби и неговиот најуспешен албум „Mingus Ah Um“. 1959 е доста
интересна и значајна година во историјата на џезот – издадени се „Time Out“ на Дејв Брубек, „Kind
of Blue“ на Дејвис и „The Shape of Jazz to Come“ на Колман. Ова издание на Мингус слободно може
да се вметне меѓу претходнонабројаните. Албумот ја вклучува познатата „Goodbye Pork Pie Hat“ и
„Fables of Faubus“, напишана зна гувернерот Orval Faubus, познат посегрегациската политика.
Оригинално оваа композиција има текст во кој Мингус збрува за Faubus и го критикува. Faubus во
1957 ја употребува националната армија за да ги спречи црните деца да влезат во локалното
средно училиште – доста низок акт од една наводно демократска држава како САД. Верзијата од
овој албум е без текст.

Во 1959 исто го снима и „Blues & Roots“ во кој има доминантно чувтсво на блуз. Тука е
фамозната „Moanin’“. Блузот исто се чувтсвува во најголем дел од композициите на Мингус.

Во 1960 Мингус е сведок на настапот на Орнет Колман во 1960, кој иницира доста
контраверзност во џез светот. Мингу вели дека нема јасен став за ваквите „фри“ свирачи и
напоменува дека многу од нив само ги мрдат прстите на саксофонот без да знаат што ќе излезе од
него. Истата година формира квартет со Dannie Richmond, долгогодишниот соработник на Мингус,
трубачот Ted Curson и фамозниот Eric Dolphy. Квартетот има иста структура како и оној на Колман –
без хармонски инструмент. Албумот кој го издаваат се вика „Charles Mingus Presents Charles
Mingus“. Ова издание ја вклучува познатата „Fables of Faubus“ со текст и е насловена како „Original
Faubus Fables“.

Во 1962 година се случува познатиот „Town Hall Concert“, кој наводно требал да биде
концерт, но бидејќи материјалот не бил спремен, а терминот закажан, Мингус одлучил тоа да
биде проба и гледачите да имаат можност да го гледат тоа. Напоменува дека ако на некој не му се
допаѓа тоа, нека ја напушти салата и ќе му бидат вратени парите. Настапот е доста катастрофален,
но сепак ќе се реализира скоро 30 години подоцна.

Во 1989, 10 години по смртта на Мингус, се реализира неуспешниот концерт од 1962,


насловен како „Epitaph“. Ова дело се смета за најкомплицираното и најгенијално дело на Мингус.
Дури и музичари како Randy Brecker и Wynton Marsalis, кои свират на концертот од 1989 велат
дека е многу комплицирано. Делото трае 4235 такта, околу 2 часа. Интересно е што 10 години по
смртта на Мингус, музикологот Andrew Homzy се јавува на сопругата на Мингус и се раѓа
иницијативата за остварување на делото. Концертот го диригира Gunther Shuller и свират врвни
музичари. Подоцна, во 2008 целосните партитури ги издава Hal Leonard.

Latin Jazz

Латин џезот е џез жанр со латино-американски ритам. Латин ритмовите директно или
индиректно се асоцирани со афричката култура. Исто, доминантна улога во латин звукот има и
шпанската култура. Во Куба имигрираат многу Шпанци и Африканци кои имаат меѓусебно влијание.

Латин џезот го делиме на 2 катгории:

1. Афро-Кубански џез – ритмички базиран на популарната кубанска „денс“


музика
2. Афро-Бразилски џез – вклучува „bossa nova“ и „samba“

Afro-Cuban Jazz

Афро-Кубанскиот џез е рана цорма на латин џезот. Музиката вклучува афро-кубански клаве
ритмови со џез хармонија и импровизација. Афро-кубанскиот џез се појавува во раните
четериесетти години со кубанските музичари Mario Bauza и Frank Grillo „Machito“, со бендот
„Machito and his Afro-Cubans“, дејствувајќи во Њу Јорк. Дизи Гилеспи е значајна фигура за ширењето
на оваа форма на музика, кој заедно со пекусионистот Chano Pozo ги носи афро-кубанските ритмови
и инструменти на источниот брег.

Познат е и како „cubop“, затоа што се шири во бибап периодот, а има и чести колаборации
меѓу бибап артисти како Гилеспи, Паркер и афро-кубански музичари. Во првата декада на
појавувањето, интересно е што афро-кубанското движење е посилно во Америка отколку во Куба.

Шпанско влијание

Препознатливиот афро-кубански џез, базиран на клаве, се појавува некаде средината на


дваесеттиот век. Се употребуваат повеќе ритмички фигури, како habanera која е составена од
ритмичката фигура „tresillo“ и удар на втората четвртина. „Tresillo“ е 2/4 фигура составена од
осминка со точка, шеснаесеттинка, пауза осминка и осминка на горниот удар од втората четвртина.
Музичари од Хавана (Куба) постојано патувале во Њу Орлинс и се до 1963 ималодва пати
дневно брод за патување меѓу двете копна. Во 1963 Кенеди го забранува ова, поради
поставувањето на рекетни фрлачи од СССР на копнотона Куба. И до ден денес има проблеми околу
заедничкиот живот на комунистичката Куба и капиталистичките САД.

„Хабанерата“ е дел од првичните формина џез, како „cakewalk“ и рагтајм. Винтон Марсалис
вели дека фигурата „tresillo“ е вушност клавето од Њу Орлинс. Темата „St. Louis Blues“ на W.C Handy
од 1914, како и многу други вклучуваат изразита хабанера. Ритамот им се допаѓал на луѓето од тој
период и затоа бил композиторите продолжиле со неговата употреба.

Џели Рол Мортон оваа ритмичка фигура, кој тој ја нарекува „spanish tinge“, ја смета како
многу есенцијална во џезот. Фигурата е доста забележлива во песни како „The Carve“ од 1910.
Мортон вели дека без оваа фигура е многу важна за да се постигне оној „џез“ шмек.

Mario Bauza

Mario Bauza е роден на 28 април, 1911, и еден од најзначајните фигури во дефинирањето на


афро-кубанскиот џез звук. Тој е еден од првите кои ја носи латин музиката во Њу Јорк.
Композицијата „Tanga“ на Бауза се смета за прва која имплементира клаве во џезот и за прва
вистинска афро-кубанска џез композиција.

Се верува дека Бауза ги креира и развива концептите за клаве и е навистина мајстор во


нивната употреба при аранжирањето.

Бауза има класична основа и бил кларинетист во филхармонискиот оркестар на Хавана на


само 9 години, каде останал 3 години. Оди во Њу Јорк на 14 години за да снима со бендот на Antonio
Maria Remeu.

Потоа работи со оркестарот на Chick Webb во 1933 како трубач и музички директор. За време
на овој престој е запознава со Гилеспи и ја пронаоѓа и внесува во бендот фамозната Ella Fitzgelard.
Битен е моментот дека Бауза го запознава Дизи со виртуозот Chano Pozo, кој подоцна ќе соработува
со Дизи, иако ќе биде застрелан после една година во бар во Харлем.

Во 1938 Бауза се придружува на бендот на Cab Calloway, на кој подоцна му се придружува и


Гилеспи. Спојот од кубанскиот звук на Бауза и бибапот на Гилеспи кулминира во развојот на т.н
„cubop“ во четириесеттите.

Во 1941 Бауза станува директор на бендот „Machito and his Afro-Cubans“, каде главен лик е
познатиот Мачито. Значаен е моментот кога Бауза во 1942 го вклучува и познатиот Tito Puente.
Важноста на Бауза и Мачито

Соработката меѓу Бауза и Мачито е доста значајна за афро-кубанскиот џез звук, особено со
издавањето на „Tanga“ во 1943, компонирана од Бауза и снимена од „Machito and his Afro-Cubans“.
Инаку, „tanga“ е афрички термин за „марихуана“. Интересно е што кога и да ја свиреле „Tanga“,
звучела различно, зависно од индивидуалниот стил на солистот. Така, трубачот Howard McGhee при
едно солирање во 1948 ја зачнува темата „Cu-Bop City“, која е снимена месеци подоцна. Бендот на
Мачито е прв во латин музиката кој што бега од традиционалниот пристап, со свирење до 4 минути
и има композиции од 10 до 15 минути.

Фундаментални карактеристики кои Марио Бауза и бендот ги воведуваат во афро-


кубанскиот џез се:

1. Изразита употреба на конги, бонго, тимбали и стандардни перкусии, како основна подлога
на нивниот ритам
2. Истражуваат техники на аранжирање, соодветни за нивниот афро-кубански ритам и се први
кои го креираат ваквиот звук
3. Прв бенд кој ја истражува модалната хармонија (концепт кој подоцна го развиваат Мајлс
Дејвис и Гил Еванс)
4. Првиот бенд кој употребува типични џез солисти кои сиврат врз афро-кубанска основа
5. Првиот вистински мулти-расен бенд во САД
6. Првиот бенд кој официјално во името го има терминот „Afro-Cubans“, со кој се обележува
афро-кубанското потекло на бендот. Ова е исто придонес за тогашните движења за
човекови права
7. Марио Бауза го воведува клавето и е првиот кој развива техники за аранжирање на клаве
контрапункт. Бауза е мајстор на спонтаното менување на клавето од 2-3 во 3-2 и обратно
8. Бендот поставува стандар за професионализам, на кој наредните колективи ќе мора да се
огледуваат, како Jose Curbelo, Tito Puente, Marcelino Guerra, Tito Rodriguez и други
9. Бендот на Мачито и Бауза гради основа за размена на прогресивни музички идеи, искуства
и компонирање во истиот стил. Бауза со својата музика директно влијае врз понатамошното
творештво на Гилеспи и Тито Пуенте

Гилеспи и Чано Позо

Luciano Pozo Gonzalez, попознат како Chano Pozo, е роден во 1915 во Хавана е афро-
кубански перкусионист, пејач, танчер и композитор и игра важна улога во ширењето и градењето
на афро-кубанскиот џез. Познат е како исклучително физички цврсто момче и израснал во средина
секојдневно изложен на криминална активност.

Чано Позо е познат по соработката со Гилеспи, а се запознава со него преку Бауза.


Соработката меѓу Гилеспи и Чано Позо резултира со неколку успешни афро-кубански стандарди,
како „Manteca“, базирана на клаве. Гилеспи вели дека Чано Позо му ги пеел деловите на
иснтрументите посебно, а тој ги запишувал. Овие двајца музичари ја креираат познатата структура
во афро-кубанскиот џез, каде А секцијата е латин, а Б секцијата е свингувана и ова ќе стане честа
пракса понатаму. Така, А делот на темата „Manteca“ е осмислен од Позо, а Гилеспи го пишува
свинг Б делот. Гилеспи вели дека ако препуштил се на Позо, ќе било типична афро-кубанска
музика, но не и џез. Бауза и Чано Позо имаат директно влијание врз музичката размисла на
Гилеспи, и кај композиции како „Manteca“, „A Night in Tunisia“, „Tin Tin Deo“ или „On Green Dolphin
Street“ има доминантно чувствов на афро-кубанско влијание.

Mambo, Rumba, Salsa

Румба е бавен кубански танц во 4/4. Танцот вклучува флертувачки движења, а заедно со
музиката делува многу романтично. Овој танц често се нарекува и „танцот на љубовта“. Движењата
се „коцкасти“ и изведувачите не движат премногу кога играат, а таков е и пулсот на музиката

Мамбо е побрз, поенергичен танц со пофлексибилни движења. Истото се однесува и на


музиката, која е побрза и повозбудлива. Мамбо музиката и танцот знат да бидат доста
комплицирани и технички.

Разликата меѓу мамбото и салсата е тоа што кај мамбото се игра по клавето, додека кај
салсата се акцентира првиот удар. Салсата е слична на мамбото, но изведувачите играат многу
вртливи движења. Мамбото доминира со игра на тело и ножни движења.

Afro-Brazilian Jazz

Афро-бразилскиот џез има потекло од Бразил и најмногу се оформува во Рио де Жанеиро,


како мулти-културен центар. Два главни стила карактеристични за афро-бразилската музика се
самбата и боса-новата. За разлика од афро-кубанскиот џез, бразислкиот се разликува со побогата
хармонија, повеќе акорди и често знае да биде комплициран.

Samba

Самбата е Бразилски музички жанр и танц, со корени од Африка. Имено, до 1899, до


укинувањето на легалниот робо-поседувачки систем, биле имигрирани околу 4 милиони црнци од
Африка, кои со себе ја носеле Афричката култура. Самбата како карактеристичен звук се оформува
во Рио де Жанеиро.

За разлика од покасно-развиениот стил – „bossa nova“, ритамот на самбата е побрз,


поенергичен. Модерната самба која се развива во почетокот на дваесеттиот век е главно со 2/4 такт
со употреба на вокал. Традиционално, самбата се свири на жичени интрументи и разни перкусии,
но во периодот на почетокот на Втората Светска војна и влијанието на свингот, се употребуваат
тромбони, труби, флејти и кларинети.

Самбата не е синоним само за музика, туку за цела култура, вклучувајќи храна, разни танци,
забава, облека и шминка. Самбата до ден денес многу се почитува, особено во Бразил и постојат
разни школи кои ја негуваат културата.

Bossa Nova

Боса-новата е бразилски жанр на музика, кој има потекло од самбата и се популаризира во


педесеттите и шеесеттите години од дваесеттиот век. Поимот „bossa nova“ буквално значи „нов
тренд“. Звукот на боса-новата е мешавина од самба и џез.

Битно, боса-новата е ритмички базирана на самбата. Самбата комбинира ритмички патерни


и движења од афричката култура, кои често биле во 2/4 такт. Па така и боса-новата знае понекогаш
да биде нотирана во 2/4. Боса-новата се свири помеко, порелаксирано, со понежни вокали и
најчесто акустични инструменти.

Ккласичната гитарата е доста конвенционален инструмент во боса-новата, свирена со прсти.


Најчиста форма на боса-нова би била со гитара и вокал, како што прави пионирот Joao Gilberto.
Едноставен патерн од еден 2/4 такт би бил палецот да свири басов тон на првата и втората
четвртинка, додека прстите да свират хармонија на втората осминка и на последните две
шеснаесеттинки. Вториот 2/4 такт би бил ист, но обратно. Секако, има многу комбинации на ваквите
патерни и понекогаш знаат да бидат комплексни.

Боса-новата, како и самбата имплементира ударни инструменти како „сурдо“ (бас тапан)
кој удира на првата четвртинка и на „ah“ ударот од првиот удар, како и на вториот удар и „ah“ ударот
од вториот удар. Клавето е слично како и кај кубанското 2-3 и 3-2 клаве. Исто, се употребува и т.н
„кабаса“, перкусија која се „шејка“ и се удира.

Некои главни карактеристики на боса-новата, за разлика од самбата се:

 Многу композиции имаат романтични текстови и се пејат меко, поинтимно. Исто, во


текстовите се глорифицираат природните убавини на градови како Рио
 Богата инструментација – освен конвенционалните гитара, пијано и бас, се употребуваат и
класични инструменти, како виолончело и флејта, па дури и хор
 Има ненападна, недоминантна употреба на перкусии. Ова е спротивно од самбата, каде
перкусиите се доста водечки
 Има соработка меѓу американски џез музичари и бразилски боса-нова музичари, како
соработката на Joao Gilberto и саксофонистот Stan Getzs
Joao Gilberto (1931)

Joaо Gilberto е роден во Бразил, 1931 и почнува да свири гитара на млади години. Најпознат
е како основач на новиот, популарен „боса-нова“ звук, а воедно ја напишува и првата композиција
која има таков звук – „Bim Bom“. На околу дваесеттина години поставен е како водечки вокал на
квинтетот „Garotos de Luna (Moon Boys)“, но по извесно време е отстранет поради недисциплина.

Првите снимки од Гилберто се снимени меѓу 1951 и 1959, но не се голем успех, при што
често бил изложен на сиромаштија и немање работа. Но, во овој период поминува време со сестра
му и се фокусира на компонирање и свирење, па ја компонира познатата „Bim Bom“, некаде 1956.
За ва ова време го развива новиот „боса-нова“ звук. Татко му не можел да го прифати новиот звук
и стилот на Гилберто, па го одвел во ментална болница, од каде набргу бил пуштен на слобода.

Исто, во 1956, се враќа во Рио и дискутира со легендарниот Антонио Карлос Жобим, кој во
тоа време работи како композитор, аранжер и продуцент за Odeon Records. Џобим е позитивно
импресиониран од новиот стил на Гилберто и сака да помогне.

Новиот боса-нова стил се смета за пософистицирана верзија од самбата, отстранувајќи ја


доминантната функција на перкусиите и збогатувајќи ја композицијата со хармонија и мелодија. Кај
Гилберто може да се забележи и ритмичко, перкусивно, свирење на гитарата, а вокалот е скоро
шепотлив, „економичен“, без вибрато и е ненападен. Често пее антиципирано или после битот.

Темата „Chega de Saudade“ е една од првите кај која преовладува новиот боса-нова стил на
Гилберто, а е напишана од Жобим. Најпрво ја пее Elizeth Cardoso, со Гилберто на гитара, но нема да
прифати ни еден од советите кој му ги дава Гилберто, па така песната е повторно снимена само од
Гилберто, со новиот вокален стил.

Antonio Carlos Jobim (1927 – 1994)

Antonio Carlos Jobim, или Tom Jobim, е роден 1927 во Рио де Женаиро, е можеби и
најпопуларниот бразилски модерен композитор, аранжер, продуцент, гитарист и пијанист. Заедно
со Гилберто, Жобим е водечка фигура во развитокот на боса-нова стилот. Творештвото на Жобим е
доста обемно и од многумина сметано за генијално. Вклучува многу акорди, богата хармонија,
певливи, едноставни мелодии и сето тоа звучи меко и софистицирано. Жобим е вистинки мајстор
за компонирање.

Во младоста, Жобим заработува и се издржува свирејќи воноќни клубови и барови, а


подоцна заработува како аранжер, пред да стане популарен. Освен бразилските композитори, врз
музиката на Жобим влијание имаат и европски композитори како Клод Дебиси и Морис Равел.
Текстовите во композициите на Жобим често зборуваат за љубов, само-откривање, радост и
глорифицирање на природните убавини на Бразил и Рио.

Жобим се истакнува со композиторските вештини кога пишува музика за театарската


претстава „Orfeu da Conceicao“ од 1956. Претставата доживува голем успех, а и композициите
напишана за неа исто така. Исто, клучен момент кога Жобим станува интернационално познат е
кога заедно со Гилберто, жена му на Гилберто и американскиот џез саксофонист, Stan Getz, издаваат
2 албуми: „Getz/Gilberto“ и „Getz/Gilberto Vol. 2“ во 1963 и 1964 година. Овие две изданија
навистина допираат до тогашниот џез аудиториум низ светот, особено во САД и боса-нова стилот
се шири рапидно. Албумите се едни од најпродаваните во џез индустријата и имаат повеќе „Греми“
награди.

Во 1994 е дијагностициран со тумор на уринарните патишта. Жобим ја одложува


предложената операција и се обидува да го отстрани туморот со помош на спиритуален третман,
но набргу ја прави операцијата. Дури закрепнува од операцијата, доживува 2 застои на срцето, а
починува од вториот. Неговиот последен завршен албум е издаден 3 дена после смртта. Во
периодот пред смртта работи и уште на еден албум, насловен како „Tom Jobim“.

Познати композиции на Жобим се: Aguas de Marco, Aguas de Beber, Garota de Ipanema…
Soul Jazz

Soul jazz е форма на џез која се развива во доцните педесетти, со силно влијание од блуз,
госпел и фанк музика. Музиката е позната по тоа што многу пати се изведува во помали состави,
како „органски триа“, кои го вклучуваат познатиот „Hammond organ“. Хораце Силвер за елементот
„соул“ вели: „Поимот „фанки“ означува нашто спуштено, приземно, базирано на блуз. Може да не
е конкретно блуз, но го има тоа чувство на спуштеност. Така, соулот е практично исто, но има
додадена димензија на спиритуалност“.

Еден музички аналитичар вели дека соул џезот е музика со блуз мелодиски концепт и со
репетативни „денс“ ритмови. Често соул џезот знае да биде помешан со „фанки хард-боп“ и многу
мислат дека соул џезот е продолжеток на хард бопот. Соул џезот доаѓа на пошироките маси со
албумот „The Cannonball Adderley Quintet in San Francisco“, на саксофонистото Канонбал Адерли.
Адерли за албумот вели – „Бевме под константен притисок од Riverside Records да издадеме ваков
албум, кои кога слушнаа дека постои термин „соул“ во нашиот лексикон. Така почна нашата
класификација како „soul jazz“ артисти. Тие продолжија да не промовираат со тоа име, но јас
константно го отфрлував, до степен што стана голема дебата за тоа“.

Некои други познати „соул џез“ изданија се „The Sidewinder“ (1963) на трубачот Ли Морган,
„Cantaloupe Island“ (1963) на Херби Хенкок, „Song for my Father“ на Хораци Силвер од 1964 и други...

Највлијателни изведувачи на „соул џез“ се:

 Органисти: Jimmy Smith, Johnny Hammond Smith, John Patton, Bill Dogget, Charles Earland...

 Тенор саксофонисти: Gene Ammons, Eddie „Lockjaw“ Davis, Eddie Harris, Houston Person…

 Алто саксофонисти: Loud Donaldson, Cannonball Adderley, Hank Crawford…

 Трубачи: Nat Adderley, Freddie Hubbard…

 Гитаристи: Grant Green, Kenny Burrell, George Benson…

Jimmy Smith (1925-2005)

James Oscar „Jimmy“ Smith е американски џез клавјатурист, препознатлив по свирењето на


„Hammond B3“ органата. Тој е е воедно и еден од најзаслужните за популаризирањето на истиот
инструмент, создавајќи една поврзаност меѓу соул музиката и џез импровизацијата. Во 2005 е
награден со наградата „NEA Jazz Masters Award“, една од најпрестижните за еден џез артист.

Електричната органа е позната по тоа што претходно е употребувано во џезот од Fats Waler,
Count Baise, Wild Bill Davis и други, но Смит е оној кој импровизацијата на неа ја носи на едно
повисоко ниво. B3 органата во комбинација со Leslie звучникот произведуваат карактеристичен
звук, вклучувајќи и перкусивни „кликања“ со секоја удрена нота. Смит често свири блузерски
зачинати патерни со бибаперски призвук. За балади, користи walking bass свирен на бас педалите.

Има конфузија во врска со родната година на Смит, а се мисли меѓу 1925 и 1928 како родна
година. Роден е во Пенсилванија и започнува да свири на 6 години, како самоук. На 9 години Смит
освојува прво место на „буги-вуги“ пијано натпревар. Учи на „Royal Hamilton College of Music“, па
потоа на „Leo Ornstein School of Music“. Важно, започнува да ја истражува хемонд органата во 1951.
Смит целосно се преориентира на органа во 1954, откако го слуша Wild Bill Davis.

Првата органа ја свири во изнајмен магацин за вежбање. Прв албум на кој свири Смит е
вториот албум на Alfred Lion, насловен како „The Champ“, а воедно Lion веднаш го вовлекува Смит
во Blue Note Records. За само 8 години сними околу 40 студиски сесии за Blue Note.

Смит потпишува за издавачката куќа „Verve“ во 1962. Неговиот прв албум, „Bashin’“ се
продава многу и за прв пат по тоа свири заедно со биг бенд, воден од Oliver Nelson. Потоа свири со
биг бендот на Lao Schrifrin и гитаристото Wes Montgomery. Со Вес сними 2 албуми: „The Dynamic
Duo“ и „Further Adventures of Jimmy and Wes“. Исто, има албуми со гитаристите Kenny Burrell и
George Benson. За време на педесеттите и шеесеттите, Смит снима со Kennt Burrell, George Benson,
Grant Green, Lee Mogan , а подоцна и со Michael Jackson, Joey DeFrancesco, Frank Sinatra... Во
седумдесеттите Смит отвара свој ресторан/клуб во Лос Анџелес

Смит е исто познат како еден од највлијателните личности на виртуозот Joey DeFrancesco, со
кој една година по смртта на Смит во 2005, го издаваат албумот „Lagecy“.

Eddie „Lockjaw“ Davis (1922-1986)

Eddie „Lockjaw“ Davis e американски џез тенор саксофонист, роден 1922. Дејвис има свирено
со Louis Armstrong, Count Basie, Andy Kirk, Lucky Millinder и други, но и како водач на свои бендови.
Познат е по тоа што свирел свинг, бибап, хард-бап, латин џез и соул џез.

Познат е по бендот од 1946 – „Eddie Davis and His Beboppers“, вклучувајќи ги Fats Navarro, Al
Haig, Huey Long, Gene Ramey и Denzil Best. Во педесеттите свири со Sonny Stitt, а на почетокот од
шеесеттите свири води квинтет со тенор саксофинистот Johnny Griffin.

Зад себе има оставено околу 50 снимани сесии како водич и уште многу како соучесник.
Умира 1986.
Lou Donaldson (1926)

Lou Donaldson е алто саксофонист, роден 1926 година и се уште е жив и настапува. Најпознат
е по својот соул, блуз пристап на свирење, иако како помлад има свирено и доста бибап, а Чарли
Паркер имал големо влијание врз него.

Доналдсон студира на „North Carolina Agricultural and Techical State University“ во почетокот
на четириесеттите и учествува во морнарницата на САД за време на Втората светска војна. На крајот
од војната се враќа во Greensbro, каде свири во бенд составен од студенти кои учествувале во
морнарницата на САД во војната. Бендот снима музика за филмска комедија, насловена „Pitch a
Boogie Woogie“ во 1947, филм кој се промовирал единствено на црнечка публика и тоа многу малку
затоа што пропаднала компанијата.

Првите џез сесии на Доналдсон се со Charlie Slingleton Orchestra во 1950, па со Milt Jackson
и Thelonious Monk во 1952, а подоцна свири и со трубачот Blue Mithell, пијанистот Horace Silver и
тапанарот Art Blakey.

Во 1953 снима сесија со виртуозот на труба Clifford Brown. Исто, член е на квинтетот на Art
Blekey и се појавува на некои од најдобрите албуми, вклучувајќи го Night in Birdland.

Доналдсон е најпрепознатлив по свирењето бибап, хард-бап и соул џез. Исто како и Jimmy
Smith, има добиено награда „NEA Jazz Master“ од National Endowment for the Arts, како едно од
највисоките признанија за придонес за џез музиката во САД.
Jazz Fusion

„Џез фјужн“ стилот се појавува кон крајот на шеесеттите години. Самиот поим „фјужн“
кажува дека се работи за некаков спој од повеќе елементи. Така, кај овој стил има присуство на џез
хармонија, како и кај традиционалниот џез, но има и доста фанк, рок и латин елементи. Често се
среќава и поимот „џез-рок“, кој се смета за синоним на џез-фјужнот. Стилот се појавува затоа што
се појавуаат и нови, „популарни“ жанрови, како фанкот и „рок ен ролот“.

Звук

Звукот на џез-фјужнот знае да варира и не може секогаш конкретно да се дефинира за каков


стил се работи. На пример, свингот и бибапот се доста карактеристични и можат поостро да се
разделат, но поради подолгиот период кој поминал од таа ера и разните влијанија кои се случиле,
не може ни да се очекува да настане нешто комплетно ново. Почетокот на џез-фјужн ерата е и
зачекот на употреба на електрични инструменти и разни ефекти. Мора да се каже дека првите фјужн
музичари биле софистицирани во свирење на традиционален џез (пример Мајлс Дејвис). Ова често
пати знае да биде конфузно, така што многу млади свирачи мислат дека старите фјужн музичари не
знаеле да свират традиционален џез.

Елементи кои овој стил ги позајмува од класичната џез музика се:

 Хармонија – Акордите кои се употребуваат се исти како и оние во минатите стилови –


практично се што е отсвирено во џез-фјужн музиката е отсвирено и претходно. Меѓутоа, се
појавуваат некои „чудни“, послободни, „помодерни“ акордови промени кои се доста
неконвенционални;

 Инструменти – Многу џез фјужн албуми вклучуваат класични џез инструменти;

 Софистицирана импровизација – Фјужн музичарите се сметаат за доста комплексни и често


многу технички импровизатори, виртуози, што не е случај во рок или фанк музиката;

 Конверзација и слобода – Како и кај „фри“ џезот, така и кај овој стил има голема доза на
слободно размислување и комуникација;

 Употреба на теми – Фјужн композициите често имаат главна тема „head“ која често се свири
на почетокот и на крајот од композицијата;
Влијанието од другите стилови (рок, фанк, латин) во џез-фјужнот е изразено со:

 Употреба на електрични инструменти – новите, електрични инструменти доста се


употребувале во другите стилови, кои многу од фјужн музичарите ги слушале во тоа време.
Електричниот бас, гитара и разните синтисајзери се доста доминантни во фјужн музиката,
иако има многу исклучоци;

 Употреба на ефекти – се користат ефекти како дилеј, реверб и дисторзии;

 Поретка употреба на свинг грув – Кај рок или фанк музиката воопшто не се среќава тежок
„свингиран“ грув, па така џез-фјужн музичарите имаат силна пулсација и грув, но ретко е
свингиран

 Популаризација на новиот правец – Употребата на ефекти, електрични инструменти и


„стрејт“ грув привлекла многу рок ориентирани музичари да ја слушаат новата музика и да
се заинтересираат за џезот

Историја

Фјужн во шеесеттите

Еден од првите фјужн албуми е „Duster“ (1967) на познатиот вибрафонист Gary Burton, кој
се смета за иноватор во шеесеттите. Албумот е снимен заедно со гитаристот Larry Coryell. На
моменти албумот е доста комплексен, но има и доста „едноставни“ делови кои потсетуваат на
популарна музика.

Во 1968, фамозниот Мајлс Дејвис го вади „Miles in the Sky“, каде свират Wayne Shorter (тенор
саксофон), Herbie Hancock (пијано/електрично пијано), Ron Carter (контрабас/електричен бас), Tony
Williams (тапани) и George Benson (гитара на „Paraohernalia“). Истата година го изава и „Filles de
Kilimanjaro“ со Chick Corea и Dave Holland. Во 1969 го издава „In a Silent Way“, кој официјално се
смета за негов прв фјужн албум, кој има многу амбиентален звук. Во ова издание свират Wayne
Shorter, John McLaughlin на електрична гитара, Chick Corea, Herbie Hancock, Joe Zawinul на органа,
Dave Holland на контрабас и Tony Williams на тапани. Сите овие имиња се многу значајни во
понатамошното „фјужн“ творештво и имаат издадено многу албуми. Овој албум бил доста
контраверзен, главно поради новиот пристап со електричните инструменти и статичната,
амбиентална природа на хармонијата. Многу рок и џез критичари сметале дека албумот има
„рокерски“ звук и нормално, како и кај секоја нова појава – на некои тоа им било возбудливо и
интересно, а некои го гледале како разочарување.
Фјужн во седумдесеттите

Во 1970 Дејвис го издава познатиот „Bithces Brew“ и овој албум често пати се смета за еден
од пионирните во фјужн ерата. Албумот вклучува многу инструменталисти, меѓу кои Wayne Shorter,
Joe Zawinul, Chick Corea и John McLaughlin како истакнати „фјужн“ артисти. Свират повеќе
електрични пијана, контрабас и бас, електрична гитара и два тапанара на еднаш, што е доста
невообичаено. Исто, грувот на овој албум не е свингиран, туку е поправ, пофанкерски, порокерски.
Многу џез критичари имале негативен став за целото движење, сметајќи дека џезот треба да остане
интелектуална музика, онакава како што била до тогаш.

Мајлс е познат како зачетник на повеќе џез стилови, па така се смета за централна фигура и
во фјужн џезот, а неговото влијание врз музичарите со кој свирел е големо. Музичари од неговиот
ансамбл понатаму формираат свои бендови кои го шират фјужн движењето. Така, Tony Williams го
формира „Tony Williams Lifetime“, Zawinul го формира „Weather Report“, Chick Corea – „Return to
Forever“ а Herbie Hancock – „Headhunters“.

Во 1973 Billy Chobham го издава „Spectrum“, како еден од најдобрите фјужн албуми.
Албумот ја вклучува и темата „Stratus“, како една од најпознатите и најпреработуваните од ова
издание. Позната е „Safe from Harm“ на Massive Attack, која ја вклучува бас линијата од истата песна.
Исто, позната e и „Зашто правиш слона од мене“ на Дино Дворник, која ја има истата линија.

Можеби и најзначаен бенд за „фјужн“ културата е Weather Report, со авангарден, доста


виртуозен пристап. Основачи се Joe Zawinul и Wayne Shorter, а бендот е можеби најпрепознатлив
по легендарниот Jaco Pastorius, кој се смета за еден од најдобрите и најиновативните музичари на
модерната џез музика.

Во 1972 Chick Corea го формира познатиот „Return to Forever“. Бендот на почеток има тешко
влијание од латинот, но звукот бргу се менува. Во бендот членуваат познатиот Stanley Clarker на бас,
кој покрај Jaco се смета за исто многу влијателен електричен басист, тапанарот Lenny White, а потоа
доаѓа и гитаристот Al Di Meola, исто влијателен во џез фјужн движењето. Овие музичари се се уште
активни денес и компонираат квалитетна музика.

Гитаристот John McLauglin го формира бендот „Mahavishnu Orchestra“ со тапанарот Billy


Chobham, виолинистот Jerry Goodman, басистот rick Laird и клавјатуристот Jan Hammer. Jan Hammer
е можеби и прв кој свири на „Minimooog“ синтисајзер и употребува многу ефекти, како Zawinul.
Бендот има влијание од психоделичен рок и класична Индиска музика.
Joe Zawinul (1932-2007)

Joe Zawinul е пијанист роден во Виена, Австрија и студира класична музика на


конзерваториумот во Виена. Заминува во САД во 1959 откако добива стипендија на престижниот
„Berklee College of Music“ во Бостон.

Завинул најпрво свири со саксофонистот Cannonball Adderley, а потоа свири и со трубачот


Мајлс Дејвис. Се смета за еден од централните фигури како основоположник на „џез-фјужн“
движењето, како музика којакомбинира елементи од џез, рок и т.н „светска музика“. Завнул е
можеби и најпознат по основањето на легендарниот „Weather Report“ и „Zawinul Syndicate“. Исто,
Завинул е еден од најзаслужните ликови за развивањето на електричното пијано. „Down Beat“
магазинот го избира 28 пати Завинул како најдобар електричен пијанист.

Свирењето на Завинул е доста комплексно. Имајќи класична основа, Завинул покрај


свирењето елекрично пијано, свири одлично и клавир. Кај Завинул доминантно е мелодиското
импровизирање, во кое има примеси од многу стилови, како бибап, етно или поп. Свири доста
интересни „војсинзи“ и употребува многу ефекти, разни бои, вокадери и „семплирани“ (претходно
одсвирени) фрази.

Многу музичари, како Brian Eno, John McLaughlin, Bob Baldwin, Chucho Valdes, Bireli Lagrene,
имаат напишано композиции во чест на Завинул.

Завинул умира во 2007 година по пет неделна турнеја во Европа од редок вид на рак на
кожата.

Weather Report (1970 – 1986)

Weather Report е основан во 1970 година од Завинул, заедно со фамозниот саксофонист


Wayne Shorter. Во првите две години од постоењет, бендот има доста отворен, импровизирачки
карактер, слично со тоа што Мајлс Дејвис гоправел паралелно. Но, веќе со третиот албум
„Sweetnighter“, Завинул се одлучува да се свират претходно напишани композиции. Бендот добива
нов звук, со употреба на електричен бас, вах педали и многу електронски звуци.

Најголемото комерцијално остварување на бендот е „Birdland“ на Завинул од албумот


„Heavy Weather“ од 1977. Имено, композицијата иако е најголем „хит“, не наликува многу на стилот
на бендот. „Heavy Weather“ е одлично издание на кој свири неповторливиот Jaco Pastorius, а воедно
Jaco ги компонира композициите „Teen Town“ и „Havona“.Weather Report снимаат до средината на
осумдесеттите, а Завинул и Шортер остануваат константни членови до крај.

Бендот се здобива со популарност со доаѓањето на виртуозот Jaco Pastorius во 1976, кој е


можеби и до ден денес држи статус на „најдобриот електричен басист“. Jaco и пред да влезе во
бендот, бил познат по музичките кругови по неговото виртуозно свирење, одличен „in the pocket“
грув и силната контрола врз инструментот. Џако покрај тоа што е одличен инструменталист, исто е
и врвен композитор, одговорен за некои од најголемите достигнувања на Weather Report, како
„Teen Town“, „Havona“ и „Three Views of a Secret“. Jaco за жал умира 1987 година во кома во
болница, откако претходно е нападнат од обезбедување на еден клуб во Флорида.

Други истакнати членови кои свиреле во Weather Report се тапанарите Peter Erskine и Omar
Hakim, гитаристот John Scofield и басистите MIroslav VItoush, Alphonso Johnson и Victor Bailey.

Бендот снима 14 студиски албуми и 3 албуми во живо.

John Abercrombie (1944)

John Abercrombie е роден во 1944 година, во Њу Јорк, но најголем дел од детството


поминува во Кинетикат. Започнува со свирење гитара на 14 години, откако го случа Чак Бери и Барни
Кесел. Стилот на Аберкромби варира, но е доста софистициран, затоа што знае да свири доста
отворено и модерно, но и типично традиционално, бибаперски.

Студира на престижниот Беркли од 1962 до 1966 и често настапува на локалната бостонска


сцена. Имено, свирејќи локално се запознава со браќата Брекер и органистот Johnny Hammond.

Кариерата на Аберкромби е подолга од 40 години, со приближно 50 албуми, што го прави


Аберкромби вистински ветеран и мајстор на џез гитара. Аберкромби е исто препознатлив по
неговиот експериментален пристап со инструментите, но тоа го прави со голема умешност и
чистина.

Важен е клубот „Paul’s Mall“ во Бостон, каде како студент често свирел и одел да гледа џез
свирачи. Таму за прв пат ги видел Колтрејн и Тилониус Монк. Еден од ликовите кој ги запознава
таму се органистот Johnny Hammond Smith, кој го поканува да свири со него на турнеа дури е
студент. Во истиот период ги запозната и браќата Брекер, кои исто го покануват да биде дел од
нивниот бенд „Dreams“, кој ќе прерасне во еден од најпочитуваните џез-рок бендови на доцните
шеесетти и седумдесетти.

По завршувањето на студиите на Беркли, Аберкромби оди во Њу Јорк, каде за брзо време


прераснува о еден до најбараните „сешн“ музичари. Можеби и најпознат е по свирењето на
неколку албуми на Billy Cobham, како „Crosswinds“, „Total Eclipse“ и „Shabazz“. Сите овие албуми се
многу битни за џез-фјужн движењето. Меѓутоа, и покрај успехот кој Аберкромби го има со ваквиот
состав, чуствува дека не е тоа правилниот начин да се свири џез, затоа што веќе преминала музиката
во прекомерцијална.

Во 1970 за ECM го сними првиот негов соло албуми „Timeless“, на кој свират органистот Jan
Hammer и танапанорт Jack DeJohnette. Вториот албум е „Gateway“ од 1975, на кој свират истиот
органист и басистот Dave Holland.

По овие албуми, формира традиционален квартет и сними 3 албуми за ECM заедно со


пијанистот Richie Beirach, басистот George Mraz и тапанарот Peter Donald.

Наредниот бенд е трио со басистот March Johnson и тапанарот Peter Erskine, каде за прв пат
почнува да експрериментира со „синт“ гитарата. Во наредните периоди свири со различни состави,
како и со виолинистот Mark Feldman и саксофонистот Joe Lovano.

Аберкромби вели „Сакам да ме доживуваат како директна конекција со историјата на џез


гитарата, но со проширени граници“. Аберкромби се уште компонира и снима албуми. Последниот
албум е „39 Steps“ од 2013 година.

Chick Corea (1941)

Чик Кориа е еден од најдобрите џез пијанисти и композитори што светот ги познава. Роден
е во САД, 1941 година, како Armando Anthony „Chick“ Corea, а има италијанско и шпанско потекло.
Татко му свирел труба во диксиленд бенд во Бостон во триесеттите и четириесеттите а тој го
запознава со пијаното на четири години. Педесеттите се години во кои музичари како Dizzy Gillespie,
Charlie Parker, Bud Powell, Horace Silver и Lester Young доминираат, а Чик бил позитивно изложен на
ова влијание. На осум години свири и тапани, со што се рефлектира перкусивниот, ритмички
елемент во неговото свирење.

На осум годишна возраст зема часови по класично пијано а во средношколските денови


свири со локални џез бендови. Кога оди во Њу Јорк, студира музика еден месец на „Columbia
University“ и шест месеци на „Julliard“, но е разочаран од предавањата и се откажува од
студирањето. Сепак, му се допаѓа атмосферата во Њу Јорк и сцената таму, па одлучува да остане.

Првиот албум како лидер му е „Tones for Joan’s Bones“ од 1966, а во 1968 го издава „Now He
Sings, Now He Sobs“.

Кориа е најпознат по композициите со Return to Forever, како и со електричниот и


акустичниот бенд.
Кориа, заедно со други познати личности, е исто познат и како припадник на „религијата“
„Scientology“, една од најконтраверзните „религиозни“ движења. Имено, оваа организација е многу
пати обвинувана за разни злосторства и криминали и лично не ми е јасно што Кориа бара таму.

Кориа со Return to Forever

Раните седумдесетти се зачетокот на фјужн периодот на Кориа, во кој инкорпорира латин,


па дури и „рок“ елементи подоцна. Најпознат е по материјалот со бендот „Return to Forever“, кој
дејствува паралелно со Weather Report на Zawinul и Mahavishnu Orhcestra на McLaughlin.

Првата постава на Return to Forever има главно латински звук. Единствен член кој останува
константно со бендот е басистот Stanley Clarke. Најпрво членвуваат вокалистката Flora Purim,
нејзиниот сопруг Airto Moreira, Joe Farell на саксофон и флејта, Кларк и Кориа. Кларк свири акустичен
и електричен бас, а Кориа често електрично пијано. Главно музиката е компонирана од Кориа, а
вокалниот аспект од музиката може да се каже дека додава доза на комерцијализам. Има доста
импровизација. Електричното пијано на Кориа е фондација на звукот на бендот, а ова е периодот
пред да почнат да се произведуваат синтисајзерите, кои подоцна обемно ги користи.

Мора да се напомени дека првите два албуми на составот се доста различни и „поџезерски“
за разлика од наредните, кои се повеќе „фјужн“ ориентирани.

Првиот албум, насловен како „Return to Forever“ е снимен во 1972 година за ECM. Албумот
ги вклучува познатите „Crystal Silence“ и „La Fiesta“. Набргу, Кориа, Аирто, Кларк и тапанарот Tony
Williams го формираат бендот за албумот на саксофонистот Stan Getz – „Captain Marvel“, во кои се
вклучени и компзиции на Кориа.

Вториот албум е насловен како „Light as a Feather“ и овој е еден од најпопуларните затоа
што ја вклучува фамозната „Spain“. Албумот е исто снимен во 1972, 8 месеци покасно од првиот
албум. Албумот има фин, мек звук со минималистички мелодии, но сепак многу софистицирано.
Првата песна „You’re Everything“ е една од омилените вокални композиции на Кориа самиот. На
албумот Кларк свири само акустичен бас. „Spain“ е композиција, џез-стандард на Кориа, каде
интрото е буквално земено од познатиот „Concierto de Aranjuez“ на Joaquin Rodrigo.

По првите два албуми, кои инаку се доста успешни и денеска, се менува поставата, односно
заминуваат вокалистката, перкусионистот и саксофонистот. Доаѓаат гитаристот Bill Connors,
тапанарот Steve Gadd. Но, поради неможноста Gadd да свири во живо на турнеа, Lenny White доаѓа
како замена за него. Така, третиот албум најпрво се сними со Gadd, но потоа се преснимува со Lenny
White, а првичните снимки ги нема никој. Третиот албум е насловен како „Hymn of the Seventh
Galaxy“ и е издаден 1973, а со овој албум целосно се менува звукут на бендот. Речиси отсутствува
џез елементот, а повеќе доминира „рок“ звукот, со тоа што се користа дисторзирани гитари и
електричен бас. Новиот звук на бендот соодветсвува на она што го прават Zawinul и McLaughlin
паралелно. Иако стилот се сменил, албумот бил доста успешен, па дури се најдел и на
американската поп листа. Кориа и самиот кажува дека McLaughlin во голема мера го инспирирал и
дека тој е првиот кој почнал да свири така електрична гитара.

Четвртиот албум, или вториот фјужн албум, е насловен како „Where Have I Known You
Before“ и е снимен 1974, а има сличен звук и како првиот. Новитет е што тука за прв пат Кориа
започнува да користи и синтисајзер, заедно со електричните клавјатури и пијано. Тука за прв пат се
појавува и тогаш само деветнаесет годишниот виртуоз Al Di Meola. Кларк за прв пат употребува и
ефекти на басот.

Петтиот албум е издаден 1975 и насловен како „No Mystery“ со истата постава, но има
повеќе фанк звук. Шестиот албум е воедно последен и најпродаван албум со оваа постава, насловен
како „Romantic Warrior“, издаден 1976 година. Последниот албум е насловен како „Musicmagic“ и
единствени членови кои свира повторно се Кларк и Кориа, додека поставата се менува. Албумот
повторно вклучува вокалист и тоа сопругата на Кориа – Gayle Moran.
Smooth Jazz

„Смут“ џезот е поджанр на џезот, каде најголемо влијание има поп музиката, со умерена
(многу важен елемент) количина на блуз. Интересно за звкуот на смут џезот е што е доста
урамнотежен, во смисла дека се што се свири мора да биде умерено, „леко“, а од таму и потекнува
самиот термин „smooth“. Во глобала, сите смут џез композиции се слични едни на други и изгледа
како да се прават по некоја шема, нема многу импровизација и главно се свири дијатонски, со малку
креативност. Токму поради ова смут џезот е најкритикуван жанр на џезот, а многу музичари и
воопшто не го сметаат за џез, туку слободно може да се каже дека тоа е поп инструментална музика.

Имено, најчесто водечки инструмент е саксофонот, чиј звук дефинитивно најмногу одговара
на овој стил. Често се користи мека електрична гитара, а понекогаш тоа е и водечки инструмент.
Првите „смут“ џез композиции имаат и позадински гудачки инструменти, а веќе поновите
композиции вклучуваат програмиран тапан и „synth“ секција во позадина, со што само
дополнително се зголемува дозата на досадност при слушање. Обично, кога слушате џез, сакате да
бидете изненадени и да има некаков тек на настаните, а ова отсутствува кај смут џезот.

Зачетокот на смут џезот е во доцните шеесетти со продуцентот Creed Taylor и неговата CTI
издавачка куќа. Ова е релативен факт, но се смета дека еден од зачетниците на смут џезот е
фамозниот Wes Montgomery со 3 познати компзоции – „A Day in the Life“, „Down Here on the Ground“
и „Road Song“. Но сепак овие компзоции многу повеќе го содржат „џез“ елементот за разлика од
подоцнакомпонираните смут џез теми. Монтгомери исто има преработки и на познати поп песни,
како „Eleanor Rigby“ на Битлс. Сепак, овие преработки и композиции не го прикажуваат Монтгомери
во најдобро светло, затоа што таргет публика е во голема мера поп аудиториумот. Сепак, ова се
многу комерцијално успешни изданија за Монтгомери и CTI Records.

Иако некогаш смут џезот бил доста присутен на радио станиците, од 2007 година па наваму,
рејтингот опаѓа и не се слуша толку често. Имено, баниран е на неколку големи станици во САД,
како WQCD, WNUA, WJJZ и KKSF. Но, се уште го пуштаат на некои други станици.

Но, колку и лично да не ми се допаѓа смут џезот, мора да признаам дека да се одржи едно
константно, умерено свирење не е никогаш лесно, а тоа е силна карактеристика на смут џез
свирачите. Но, тоа е исто и карактеристика на поп музиката, каде се мора да е „под конец“ и нема
простор за грешки, што е на некој начин неприродно.
Grover Washington Jr.

Grover Washington Jr. е роден во Њу Јорк, 1943 година. Почнува да свири саксофон, следејќи
го татко му, на 8 години. Како мал слуша многу џез и е изложен на влијанија од артисти како Benny
Goodman и Fletcher Henderson. Вашингтон свири меко, умерено, не претерува со многу тенови и е
доста дијатонски свирач, за разлика од некои тогашни паралелни џез дувачи.

Како тинејџер свири во локални бендови а откако е вовлечен во националнта армија на


САД, се запознава со тапнарот Billy Cobham.Професионално кариерата му започнува со свирење за
Prestige во почетокот на седумдесеттите, на 2 албуми на Leon Spencer, заедно со idris Muhammad и
Melvin Sparks. Првиот студиски албум му е доста успешен и е насловен како „Inner City Blues“, но
композициите не се негови. Еден од комерцијално најуспешенит албуми му е „Mister Magic“ од
1975 година. На албумот, а и подоцна во кариерата го вклучува гитаристот Eric Gale.

Гровер Вашингтон е познат и по соработките со многу артисти, вклучувајќи ги Bill Withers,


Kenny Burrell, Dexter Gordon, Idris Muhammad и други. Едно од најуспешно-комерцијалните
изданија е „Just the Two of Us“, заедно со Bill Withers.

Вашингтон е исто познат и по тоа што му помага на Kenny G да дојде на виделина. Умира во
1999 година од срцев удар.

Spyro Gyra

Spyro Gyra е американски фјужн/смут бенд формиран во средината на седумдесеттите во


Бафало, Њу Јорк. Музиката на беднот вклучува џез елементи со R&B, фанк, поп, рок колорит. Бендот
има издадено повеќе од 30 албуми и продадено 10 милиони копии. Доста фасцинантно, бендот
во просек изведува 100 живи перформанси годишно. Едни од најуспешните хитови им се „Shaker
Song“ (1977) и „Morning Dnace“ (1979.

Бендот е основан од саксофонистот Jay Backenstein и клавјатуристот Jeremy Wall, кои се


запознаваат и го зачнуваат бендот уште во средношколските години. Иако студирале на различни
места во колеџ, летата ги поминувале заедно свирејќи концерти, а Wall се сели во Бафало после
дипломирањето. На почетокот двајцата свират инструментални„кавери“ од тогашни познати R&B
песни во околината на Бафало. Бекенштајн објаснува – „Малкумина знаат дека Бафало беше како
мини Чикаго во тоа време, со одлична блуз, соул, џез, па дури и рокабили сцена“.

Првиот албум го издаваат во 1977, истонасловен како и бендот, заедно со гостин


вибрафонист Dave Samuels и перкусионист Rubens Bassini. „Morning Dance“, со истонасловената
композијција, од 1979 е вториот студиски албум, а и комерцијано најусешно издание на бендот.
Вклучува познати гости, како гитаристот John Tropea, басистот Will Lee, мулти-инструменталистот
(најпознат како тапанар) Steve Jordan, браќата Michael И Randy Brecker и пијанистот Suzanne Ciani.

Бендот се уште функционира и се уште твори и настапува.

Kenny G

Kenny G е најкомерцијалниот смут „џез“ саксофонист на денешницата. Тој е можеби и


централната фигура која смут џезот го носи на едно прекомерцијално ниво и привлекува луѓе кои
не се љубители на џез музиката. Стилот на Кени е доста препознатлив – скоро сите композиции го
имаат тој бавен, синтетички, „романтичен“ за широката маса, звук. Свирењето на Кени е главно
дијатонско, пентатонско, со по некоја мека блуз нота – се на се, звучи доста механички и досадно
за креативните џез музичари. Позадината на композициите на Кени најчесто ја сочинуваат
програмиран ритам (особено во постарите албуми), синтетички клавјатурски бои и стрингс, како и
перкусии. Но, во некои понови видеа се забележува интересно импровизирање од негова страна.

Роден е 1956 година во Вашингтон во еврејска фамилија, а започнува да свири саксофон на


10 години. Има издадено 18 албуми и бројни колаборации со разни смут џез артисти, а има
продадено 75 милиони изданија. Првиот албум е насловен како „Kenny G“ (секогаш ми се многу
егоистични ваквите наслови) од 1982, а последниот „Brazillian Nights“ од 2015. Многу успешен му е
„Duotones“ од 1986 година. Кени се уште е активен и настапува.

Post-bop

„Post-bop“ е форма на џез која почнува да се развива во средината на шеесеттите години.


Самиот поим објаснуав дека се работи за ерата по бибапот, но сепак сведочи за тоа дека врз пост-
боп свирачите доминантно влијание има би-бапот. Но, сепак, стилски не е целосно би-баперски,
прво затоа што времето отишло напред и многу работи се смениле. Стилот вклучува и елементи од
модален џез, авангарден џез и фри џез. Сублимирано, не може точно да се определи пост-бап
звукот, затоа што не е некоја нова, досега нечуена форма, како што на пример свингот и бибапот
биле новитет во времето кога се појавиле.

Музикологот Jeremy Yudkin ги дава следниве карактеристики за бибапот – „Формата,


темпото и тактот се послободни, композициите се нови и самите свирачи се автори на истите. Тоа е
апстрактен, но и доста интензивен пристап, кој создава простор за ритмичка и колоритна
креативност. Исто, тапанарите се здобија со можност да не свират само свингирано. Хармониите се
покомплексни, формите флексибилни има мелодиски варијации и слободна импровизација.
Можеби разочарувачки, но Мајлс Дејвис со неговиот втор квинтет со Herbie Hancock, Ron
Carter, Wayne Shorter и Tony Williams, се смета за еден од главните основоположници на пост-бап
звукот. Имено, Мајлс кога почнува да свири со Паркер има само 18 години, што значи, знае како се
свири бибап и слободно може да го модификува. Квинтетот снима 6 студиски албуми со кои се
зачнува би-бапот: „E.S.P“ (1965), „Miles Smiles“ (1967), „Sorcerer“ (1967), „Nefertiti“ (1968), „Miles in
the Sky“ (1968) и „Filles de Killimanjaro“ (1968).

Многу пост-бап артисти подоцна експериментираат со електронски звуци и се дел од џез-


фјужн движењето.

Phil Woods (1931-2015)

Phil Woods е саксофонист, кларинетист, композитор и бендлидер, роден 1931 во


Спрингфилд, Масачусетс, а студира музика со Lennie Tristano во „Manhattan School ofMusic“, Њу Јорк
и на Julliard. Најрпво се школува како кларинетист, затоа што во тоа време во Julliard немало отсек
саксофон. Фил е познат како „Новиот Паркер“ – се мисли на таткото на бибапот - Чарли Паркер, но
ова е често среќавана „етикета“ – истата прилепена и на алтисти како Sonny Stitt или Cannonball
Adderley.

Во средината на педесеттите, Фил Вудс почнува со формирање сопствени бендови. Голем


дел од аудиториумот го запознава со свирењето во биг бендот на Дизи Гилеспи во 1956. Исто, во
1959 оди на европска турнеја со бендот на Квинси Џоунс. Во 1962 е дел од бендот на Бени Гудман
кој свири на руска турнеја.

Во 1968 оди да живее во Франција и го води бендот „European Rhythm Machine“ со кој
главно свират авангарден џез, а во САД се враќа во 1972 кога формира свој квинтет со кој свири до
2004.

Вудс има снимени околу 50 свои студиски албуми и многу други изданија со соработници
како Kenny Burrell, Ron Carter, Dizzy Gillespie, Milt Jackson, John Lewis, Thelonious Monk, Quincy Jones
и други. Фил Вудс е награден како најдобар алто саксофонист скоро 30 пати од читачите на
„Downbeat“ магазинот. Исто, неговиот квинтет е награден неколку пати. Исто, Фил Вудс е
номиниран за Греми 7 пати, од кои 4 е добитник.

Исто, се појавува и на повеќе комерцијални, скоро поп, изданија, како саксофонист на „Just
the Way you Are“ на Billy Joel, „Doctor Wu“ на Steely Dan, како и на „Have a Good Time“ на Paul Simon.
Исто, свири и доста кларинет на голем дел од неговите композиции.
Вудс бил оженет со Cha Parker, поранешната сопруга на Чарли Паркер, 17 години, почнувајќи
од 1955 и имаат една ќерка – Kim. Интересно е што во 2015 Вудс изведува „трибјут“ на Паркер и
соопштува дека се пензионира. Имено, за неполн месец подоцна умира, на 83 годишна возраст.

Keith Jarret (1945)

Keith Jarret е истакнат композитор и пијанист како во џез, така и во класичната музика.
Вистински мајстор, виртуоз во повеќе стилови. Многумина го препознаваат по несвојственото
атонално пеење дури импровизира и по чудните звуци и крици кои ги испушта. Исто, сценски е
доста впечатлив по тоа што често станува и се движи дури свири.

Роден е во Пенсилванија како син на мајка Словенка и татко со француско-шкотско потекло.


Карактеристично за Џерет е што покажувал надпросечни способности за музика уште многу мал.
Така, поседува „апсолутен слух“, а на само 7 години одржува соло концерт на пијано, свирејќи
композиции од Бах, Бетовен и Моцарт, а завршувајќи со 2 авторски композиции. Во детството учел
класично пијано со многу познати класични пијанисти.

Сам се учи да свири џез во своите тинејџерски години и особено станува наклонет кон оваа
музика. По завршувањето на средното училиште има понуда да продолжи да студира класична
композиција во Парис, понуда која неговата мајка сака да ја прифати, но Џерет ја одбива поради
наклонетоста кон џезот.

Така, по завршувањето на средното образование, продолжува на студии во „Berklee College


of Music“ и таму свири по локалните клубови. По една година, се префрлуав во Њу Јорк. Во Њу Јорк,
тапанарот Арт Блеки го најми Џерет за свирењесо The Jazz Messengers. За време на еден од
настапите, тапанарот Jack DeJohnette го забележува талентото на Џерет и неговиот непрестанлив
тек на идеи. DeJohnette зборува со Џерет и набргу го препорачува кај својот бенд-лидер –
саксофонистот Charles Loyd. Така, Џерет се стекнува многу со популарност со квартетот на Charles
Loyd со кој свират многу концерти, како во Америка, така и во Европа, па дури и во Москва (иако
ова е периодот на Студената војна). Исто, ова е зачеток на долгата врска меѓу Jack DeJohnette и
Џерет.

Првиот студиски соло албум на Џерет е издаден 1967 година, насловен како „Life Between
the Exit Signs“ заедно со басистот Charlie Haiden и тапанарот Paul Motian, па потоа во 1968
„Restoration Ruin“, кој е доста чуден албум, дефинитивно не е џез, каде што Џерет свири на сите
инструменти, а пијано се среќава многу ретко.

Квартетот на Чарлс Лојд со Џерет се распаѓа некаде 1968, делумно поради недостаток на
пари, како и диверзитетот на уметнчки вкусови меѓу членовите на бендот. Веднаш после ова, Џерет
е поканет да свири во бендот на Мајлс Дејвис. Интресна е случката која Џерет ја објаснува за Мајсл
дејвис, велејќи дека Мајлс дошол да го слуша триото на Кит заедно со својот бенд и практично тие
биле единствената публика на настанот. Кит бил засрамен, но секако го изненадил позитивно
Мајлс. Заедно со Мајлс, Кит Џерет, освен пијано, свири и „Фендер роудс“ како и електрична органа,
менувајќи се со Чик Кориа. Иако Џерет е голем поборник против идејата да се употребуваат
електрични звуци и инструменти, сепак свирел електрични инструменти со Мајлс. Имено, заедно
со Мајлс свири на повеќе албуми.

Соло пијано и трио

Кит Џерет е можеби и најпознат по изведбите со акустични инструменти. Интересен е фактот


што во почетокот на седумдесеттите започнува со изведби на апсолутно импровизирани концерти.
Во 1975, по барање на 17 годишна организаторка, е закажан концер на Џерет во Келн, Германија.
На барање на Џерет, требало да биде донесен големо „Bosendorf 290 Imperial“ пијано, но истото не
е донесено, а замена нашле во помало Bosendorf пијано, кое било наменето за вежбање и не
штимало добро. Имено, Кит изреволтиран од состојбата на пијаното, речиси одбил да свири на
истото, а организаторката го убедила да одржи концерт, затоа што целиот капацитет од 1400
седишта бил распродаден. По остварувањето на концертот, Џерет не сакал истиот да излезе во
продажба, при што кажува дека импровизираната музика треба да се зачува као таква – како доаѓа,
така и да си оди. Зачудувачки, овој концерт, издаден во 1975, именуван како „The Koln Concert“ е
запаметен како најпродаваниот соло албум во историјата на џезот, со повеќе од 3,5 милиони
продадени изданија. Концертот содржи 4 дела, со вкупно времетраење од околу 66 минути. Ова е
исто едно од ретките изданија кое Allmusic ги оценува со 5 ѕвезди. Освен ова издание, Џерет има и
многу други соло изданија.

Џерет е исто познат по концертите со неговото трио, составено од долгогодишниот


соработник, тапанарот Jack DeJohnette и басистот Gary Peacock. Почнувајќи од 1977 година,
снимаат 3 албуми со стандарди, со кои се прославуваат и се одлично прифатени од џез публиката,
при што ќе прераснат во едно од најдобрите џез триа, со префинет, софистициран џез звук.

Кит Џерет се уште е активен и работи, иако има 70 години (сега е 2016). Интересно е што
многу мислат дека е црнец, а во една прилика Орнет Колман му вели – „Ти мора да си црнец...“,
при што Џерет одговара – „Знам, знам, работам на тоа...“.
Straight-ahead jazz

„Straight-ahead“ е термин со кој се опишува секоја џез форма од седумдесеттите па нагоре,


кај која не е извршено влијание од фјужн движењето, каде има многу нетрадиционални елементи.
Така, терминот се користи за џез музика која го има задржано акустичниот елемент на џез музиката
и ги игнорира сите драстични промени кои и се наметнуваат – го оддржува духот на традицијата.
Најплодни „straight-ahead“ џез изданија се продуцирани од Concord Records. Кај straight-ahead
џезот имаме доминантно чувство на традиционален свинг, „walking“ бас линии, синкопирани
акорди свирени од левата рака на пијанистот, како и мелодично свирење со десната рака и главни
теми – „heads“ кои се свират на почетокот и на крајот.

Straight-ahead џез артисти

Carla Bley е американски композитор, џез пијанистка, органист и бендлидер, родена на 11


мај, 1936. Татко и бил учител по пијано и диригент на црковен хор и ја потикнал да пее и учи пијано.
На седумнаесет години се преселува во Њу Јорк, каде го запознава нејзиниот прв сопруг, од каде и
презимето, Paul Bley, кој ја поттикнува да компонира. Една од најсилните особини кај Карла е токму
компонирањето.

Карла има издадено 22 албуми како лидер и уште многу изданија со разни артисти, како
басистот Steve Swallow (нејзин сегашен партнер), трубачот Michael Mantler (нејзин сопруг од 1967-
1992), со „Charlie Haden and the Liberation Orchestra“, како и со тапанарот на Pink Floyd – Nick Mason,
каде практично сите композиции се нејзини. Карла се уште настапува и компонира, а може да се
види и чуе со нејзиното трио со Steve Swallow и Andy Sheppard на саксофон.

Mingus Big Band е џез ансамбл, базиран во Њу Јорк, кој свири единствено музика на Чарлс
Мингус, со цел да се негува творештвото на Мингус, кое е доста обилно. Бендот е менаџиран од
страна на последната сопруга на Мингус – Сју Мингус. Ансамблот настапува во формација од 14 луѓе
и тоа 3 труби, 3 тромбони, 5 саксофони, пијано, контрабас и тапани. Иако во ансамблот членуваат
многу луѓе, на настап се секогаш 14 луѓе. Биг бендот на Мингус е еден од највлијателните кој се уште
го одржува традиционалниот џез концепт (straight-ahead jazz), без употреба на фјужн елементи.

Wynton Marsalis, роден 1961, е американски трубач, композитор, професор и артистички


директор на „Jazz at Lincoln Center“, Њу Јорк, како и раководител на џез департментот на
престижниот Julliard. Винтон е еден од највлијателните американски музичари кој го шири џез
учењето. Винтон е син на Ellis Marsalis Jr. (пијанист), брат на Branford (саксофонист), Delfeayo
(тромбонист) и Jason (тапанар).
Roy Anthony Hargrove е американски џез трубач, роден 1969 во Тексас, кој е денес многу
активен. Награден е со 2 „Греми“ награди во 1997 и 2002. Најпознат е по свирењето со Винтон
Марсалис и Херби Хенкок. Зад себе има повеќе од 20 албуми како лидер, а исто толку изданија и
како соработник. Соработувал со Christian McBride, D’Angelo, Oscar Peterson, John Mayer, Marcus
Miller и други...

Денешен џез

Факт е дека главните, пресвртни стилови во џезот веќе се поминати, па дури доживуваат и
период на „преродба“, односно се свират повторно, како „хард-бап“, „пост-бап“ и така натаму. Така,
природно е денешните џез артисти да свират нешто веќе видено и да творат во духот на веќе нешто
направено. Многу ретко има артисти кои се иноватори во џезот и а доколку се иноватори,
иновативноста е многу мала. Големи промени не ни треба да се очекуваат. Исто, „жанровска
декларација“ реално и не знам дали повеќе е потребна, затоа што се е веќе измешано и ништо не
звучи чисто.

Една груба поделба на денешните џез изведувачи би била на 3 категории, и тоа:

1. Традиционалисти – овој термин е синонимен за поимот „straight-ahead“ џезери. Се мисли


на изведувачи кои се навраќаат кон акустичниот џез, без употреба на елекронски звуци,
ефекти и елементи кои го дефинираат поновиот „фјужн“ звук. Овие изведувачи имаат силна
основа на блуз, свинг и бибап. Традиционалистите мислат дека тоа што го негуваат и свират
е „вистинскиот џез“, а не некој „хибрид“ од повеќе стилови. Исто така се познати како „jazz
purists“, или „чисти џезери“. Еден од најпознатите одржувачи на ваквиот џез е Винтон
Марсалис.

2. Современи „мејнстрим“ џезери – кај овие изведувачи има повторно доминантно чуство на
традиционален џез, но пристапот им е помодерен, често се навраќаат кон класичната
музика, имаат одлична техника, комплексни акорди, проширени хармонии и форми и
длабок звук и тон.

3. „Anything goes“ џез артисти – ваквите артисти прават микс од најразлични жанрови, така
што е многу тешко да се дефинира жанрот. Ова не значи дека музиката е лоша и
недефинирана, туку баш напротив, звучи одлично. Ваквите џез артисти се едни од
најуспешните сега и привлекуваат многу нови слушатели.
John Scofield (1951)

John Scofield е роден 1951 во Охајо, е американски џез гитарист и композитор кој има
соработувано со многу изведувачи, како Мајлс Дејвис, Joe Henderson, Mingus, Joey DeFrancesco,
Herbie Hancock, Pat Matheny, Bill Frisell, Pat Martino, Medeski Matin & Wood, George Duke, Jaco
Pastorius, John Mayer и други... Стилот на Скофилд варива, но има доминантно чувство на џез, блуз,
соул, фанк и бибап. Препознатлив е по „чудните“ дигања на жиците и по ефектите кои некогаш ги
користи.

Скофилд има студирано на престижниот Беркли, но по извесно време заминува за да сними


албум со Chet Baker и Gerry Mulligan. По завршувањето на албумот, се придружува на бендот со Billy
Cobham и George Duke. Во 1976 снима со Мингус и го заменува Pat Matheny во квартетот на Gary
Burton. Првиот албум на Скофилд е насловен како „East Meets West“, издаден 1977 година.

Скофилд е познат по неговото трио со басистот и негов ментор Steve Swallow и Bill Stewart,
со кој свират многу долго. Исто, во 1982 се придружува во бендот на Мајлс Дејвис, со кого останува
да работи 3 години и со него сними 3 албуми, „Star People“, „You’re Under Arrest“ и „Decoy“. Дури
свири со Мајлс, го издава „Electric Outlet“, а по напуштањето на бендот, „Still Warm“.

Скофилд е исто познат по бендот со тапанарот Dennis Chembers и Gary Grainger на бас. Со
овој бенд се снимени познатите „Blue Matter“, „Loud Jazz“ и „Pick Hits Live“. Скофилд, заедно со
гитаристот Bill Frisell заедно во бендот на Marc Johnson ги снимат албумите „Bass Desires“ и „Second
Sight“.

Многу успешен е по соработката со груверското трио „Medeski, Martin & Wood“, со кој го
издава албумот од 1998 „A Go Go“, едно од најуспешните изданија на Скофилд. Овој квартет е
познат по неговиот органски, фанк грув. Во 2002 го издава „Uberjam“, a во 2004 „Up All Night“, 2
албуми кои вклучуваат електронски семплови и „drum and bass“ ритмови.

Во 2009 издава одличен албум заедно со еден од најдобрите клавјатуристи – John Cleary и
басистот на The Meters, George Poter, Jr. Скофилд се уште свири, има настапи и компонира.

Bill Frisell (1951)

Bill Frisell е американски џез гитарист, композитор и аранжер, роден 1951 во Марлианд,
САД. За Фрисел се вели дека е еден од водечките гитаристи на џез сцената уште од доцните
осумдесетти. Многумина го знаат по користењето на разни ефекти, но многу пати знае да не
користи никакви ефекти и има одличен „органски“, чист тон и начин на свирење. Фрисел е исто
познат по тоа што свири доста софистицирано во повеќе стилови и е многу „open-minded“, при што
може да се види во најразлични музички сценарија.

Фрисел на почетокот учи кларинет, а музичките студии ги поминува на „University of Northen


Colorado“. Учител по гитара му бил Dale Bruning, со кого подоцна, во 2000 година го издаваат
албумот „Reunion“. По завршувањето на студиите во Колорадо, Фрисел оди да студира на Беркли,
каде учи од Jon Damian и Jim Hall.

Големиот пробив на Фрисел на сцената се случува кога го заменува Пет Матини на сесија за
албумот „Psalm“ (1982) на тапанарот Paul Motian за ECM Records. Првиот албум на Фрисел е
насловен како „In Line“, издаден 1983 година, кој вклучува 4 соло перформанси на Фрисел и 5 дуети
со басистото Arlid Andersen.

Првиот бенд кој добива големо внимание а квартетот на Фрисел со Kermit Driscoll на бас,
Joey Baron на тапани и Hank Robers (кој набргу го напушта квартетот) на виолончело. На почетокот
на осумдесеттите Фрисел се преселува во Њу Џерси, блиску до Њу Јорк и е доста активен на сцената
во Њу Јорк. Фрисел е познат и по колаборациите со John Zorn и Joe Lovano.

Во 1988 се преселува во Сиетл, Вашингтон, а во почетокот на деведесеттите ги издава двата


негови најдобро оценети албуми „Have a Little Faith“, со преработки од познати американски поп и
класични композиции, и „This Land“ со оригинални композиции. Во овој период исто извдува
композиции за „silent“ филмови.

Албумот „Unspeakable“ од 2004 добива греми како најдобар современ џез албум, во 2005
година. Албумот вклучува и разни семплови кои ги работи Hall Willner, со извадоци од стари
винилни плочи. Во 2011 го издава „All We Are Saying“, албум каде свири музика на Џон Ленон.

Фрисел зад себе има 35 соло албуми и многу колаборации, а се уште снима и работи.
Македонски џез

Иако реткост, Македонија во повоениот период имала некаква џез, популарна сцена.
Главен виновник за тоа е легендарниот Драган Ѓаконовски Шпато, биографиран подоле. Понови
македонски џез изведувачи и композитори се Илија Пејовски, Гоце Мицанов, Антонијо Китановски.

Драган Ѓаконовски – Шпато (1931-1987)

Драган Ѓаконовски – Шпато е роден во Скопје, 1931 година, и се смета за централна фигура
на модерната македонска забавна и џез музика. Шпато се смета за врвен мајстор, како композитор
диригент и аранжер. Шпато е наверојатно прв кој ја истражува америчката џез хармонија и научува
да ја користи. Започнува да дејствува во првите повоени години.

Шпато е роден во музичко семејство – татко му Васил бил еден од најпознатите предвоени
музичари во Македонија, а брат му Хари исто се занимавал со музика и свирел во оркестар во
Финска. Првиот инструмент му е виолината, но набргу престанал да свири а татко му му купил
„Хохнер“ хармоника, за која Шпато вели дека тоа бил неговиот иснтрумент од соништата. Првиот
јавен настап му бил заедно со татко му и брат му во село Љубаници, посветен на ранетите
партизани. Ова е познатао како првото трио на Шпато, а со истото свири и на програмата на Радио
Скопје. Со брат му Хари формирале „забавен салонски оркестар“ кој во почетокот свирел готови
аранжмани, а набргу Шпато почнал сам да аранжира. Ова се воедно и почетоците на Шпато со
оркестрирањето повеќе инструменти и истражувањето на истите – во кој регистра најдоро звучат,
кои се експресивните можности, каква е бојата на тонот и така натаму.

Шпато има завршено средно музичко училиште и е важно да се каже дека многу слушал џез
– главно големите американски џез мајстори. Во 1948 формира нов, поголем ансамбл – т.н „Саџо“
(Студентски аматерски џез оркестар) на кој самиот бил лидер и пишувал аранжмани. Во тоа време
ја прави својата прва композиција наречена „На игранка“, во стил на блуз дванаесетерец. Во 1983
година, на Скопски џез фестивал неофицијално е прогласена за прва македоска џез композиција.

Во повоените години (по 1945) Шпато интезивно музицирал, снимал за потребите на Радио
Скопје, пишувал и аранжирал светски џез хитови за разни состави. Една од многуте вистинити
приказни за Шпато е кога по 26 пати слушање на филмот „Бал на вода“, успева да ја запише
музиката од цел филм. Во педесеттите работи во Оркестарот на полицијата, а бил член на тогашниот
формиран „Ритмички секстет на Радио Скопје“, кој во 1956 прераснува во големиот Забавен
оркестар, а во 1961 се формира „Танцовиот оркестар“ на Радио Скопје, каде Шпато бил негов
диригент. Кон крајот на педесеттите Шпато влегол во редовен однос во Радио Скопје, каде останал
до крајот на својот работен век.
Крајот на педесеттите и почетокот на шеесеттите години се голем пробив на Шпато на
сцената на тогашна Југославија. Учесник е на многу фестивали и добитник на многубројни награди,
главно за најдобри аранжмани. Песната „Еден бакнеж“, изведена на фестивалот „Опатија“, 1962
година е една од најпознатите. Доста важна е неговата улога во „Танцовиот оркестар на МРТ“, каде
се промовирале повеќе бројн имиња, како Александар Џамбазов, Илија Пејовски, Кире Костов,
Живојин Глишиќ и други. Во 1969 Шпато е главен иницијатор за создавањето на вокалниот квартет
„Импулси“, со кој се донесува еден нов бран на популарната сцена.

Во седумдесеттите години почнуваат неговите здравствени проблеми, кои не го спречуваат


да продолжи да работи напорно. Многу негови познајнци, колеги, современици и ученици сведочат
за генијалноста и „мајсторијата“ на Шпато. Композиторот и пијанист Ладислав Палфи за Шпато вели
„Со својата музича генијалност тој беше далеку пред времето во кое забавната музика и џезот се
наоѓаа во Македонија... Беше единствен по својата генијална способност да ги дешифрира аудио
снимките... Тоа не беше препишување, туку една вистинска музичка креација... Од таа музика тој
правеше совршени аранжмани за скромните музички ансамбли...“.

Шпато е аранжер и композитор на огромен број македонски популарни композиции, како


и на многу инструментални дела. Вистинска легенда.

You might also like