You are on page 1of 24

ПРЕДЛОГ ЗА ЗАШТИТА

И РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА
СТУДЕНЧИШКОТО БЛАТО И
НЕГОВА ВАЛОРИЗАЦИЈА ВО
ТУРИСТИЧКАТА ПОНУДА НА
ОХРИДСКИОТ РЕГИОН

Изработено за
потребите на
Општина Охрид

Јануари, 2018
СОДРЖИНА

РЕЗИМЕ ................................................................................................................................................ 3
ВОВЕД: СТУДЕНЧИШКО БЛАТО – ОПШТИ ПОДАТОЦИ .................................................................... 4
НЕОПХОДНОСТ ОД ИНТЕГРАЛНА ЗАШТИТА НА СТУДЕНЧИШКОТО БЛАТО КАКО НОСИТЕЛ НА
ЕКОСИСТЕМСКИ УСЛУГИ .................................................................................................................... 5
ЗАШТИТА И ИСКОРИСТУВАЊЕ НА СТУДЕНЧИШКОТО БЛАТО ВО ФУНКЦИЈА НА РАЗВОЈ НА
ТУРИЗМОТ И ЕДУКАЦИЈА ................................................................................................................... 7
МЕРКИ ЗА ТУРИСТИЧКА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА СТУДЕНЧИШКОТО БЛАТО ................................... 9
ЗГОЛЕМЕНИ ПРИДОБИВКИ ЗА ТУРИСТИЧКИ РАЗВОЈ ПРЕКУ РЕГИОНАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА.... 13
НЕОПХОДНА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ОВОЗМОЖУВАЊЕ НА ПРЕДЛОЖЕНИТЕ АКТИВНОСТИ .. 14
РЕШАВАЊЕ НА СЛУЧАЈОТ СО ИМОТИ ВО ПРИВАТНА СОПСТВЕНОСТ ...................................... 15
МЕРКИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ФИНАНСИИ ЗА ЗАШТИТА НА СТУДЕНЧИШКОТО БЛАТО И НЕГОВО
СТАВАЊЕ ВО ФУНКЦИЈА НА ТУРИЗМОТ ......................................................................................... 16
ДОПОЛНИТЕЛНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ............................................................................... 17
АКЦИСКИ ПЛАН................................................................................................................................. 19
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ................................................................................................... 20
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ................................................................................................................. 21
ПРИЛОГ .............................................................................................................................................. 22

2
РЕЗИМЕ

Овој предлог-проект е изработен со цел да се понудат односно дадат насоки за соодветно


управување со Студенчишкото Блато како заштитено подрачје во функција на туристичкиот
развој.

Трајната заштита на Студенчишкото Блато и ревитализацијата на узурпираната површина е


единствениот чекор во насока на долгорочна грижа за регионот бидејќи подразбира не само
препознавање, туку вреднување на ексоситемските услуги. Екосистемските услуги, покрај тоа
што се единствениот природен, тие се и економски најевтин начин за обезбедување одржливо
управување со регионот во поширока смисла и како такви нудат поголема гаранција за
одржувањето на квалитетот на Охридското Езеро.

Овој предлог-проект нуди голем број идеи за успешна реализација преку воспоставување на
Студенчишко Блато како заштитено подрачје, негово уредување со минимален човечки импакт
и отворање на потенцијалите за едукација, јакнење на свеста за вредноста на блатните и
водните екосистеми воопшто, истражување и многу важно, туристички развој што би имало
позитивно социо-економско влијание за регионот.

Исто така, понудени се и разновидни начини за финансирање на заштитата и обновата на


блатото кои можат мошне добро да се искористат доколку се осмисли целовит,
професионален и одржлив план за управување. Дополнително се наведени и предлози за
континуирано управување со доброто.

Конечно, понуден е и акциски план со насоки за успешно остварување на овој проект.

Заштитата на Студенчишкото Блато не е само прашање на преференца, туку


многудимензионално прашање со далекусежни последици за одржливоста на биолошкиот
квалитет на водниот екосистем и туристичкиот развој на регионот како Светско природно
наследство. Соодветното управување со него ќе придонесе за развој на туризмот, а
економската добивка, повратно ќе придонесе за одржливо управување со Блатото.

3
ВОВЕД: СТУДЕНЧИШКО БЛАТО – ОПШТИ ПОДАТОЦИ

Според мапата (Слика 1 во Прилог) на ГУП за Општина Охрид, реонот Студенчишта е поделен
на четири делови со следната површина: 1 (70.53 ха), 2 (19.38 ха), 3 (17.30 ха) и 4 (4.45 ха).
Остатоци од блатото можат да се најдат во деловите 2 и 3, но најголемата блатна површина е
во делот 1. Тој е определен со гранците – Студенчишка река (сега Канал Студенчишта) на север,
Река Рача на југ, брегот на Охридско Езеро на запад и регионалниот пат Охрид – Св. Наум на
исток, и со точките h - Хидробиолошки завод, r – патот Охрид – Св. Наум, s – спортскиот центар
Билјанини извори, t (селото и туристичката населба Рача – обележано со виолетова боја).

Студенчишко Блато е последниот зачуван блатен екосистем на македонското крајбрежје на


Охридското Езеро. Според сателитските снимки и Интегрираната студија од 2012 год,
површината на Студенчишкото Блато изнесува околу 63,97 ха (Слика 2 во Прилог) иако во
минатото таа била многу поголема. Дел од постоечката површина е зафатен со објекти (како
што е расадникот, односно дирекцијата на ЈП „Охридски Комуналец“ или објектите на АРМ и
МВР), градежен и друг вид шут, и земјоделско земјиште кое е во голема мера узурпирано.

Сепак, Студенчишко Блато и покрај делумното исушување и тампонирање, во голем дел го


има зачувано својот карактер. Блатото е составен дел од хидролошкиот екосистем на Езерото и
затоа неговите карактеристики и фунцкции треба да се разгледуваат во поширокиот контекст
на езерото. Студенчишкото Блато директно влијае врз квалитетот на водите во Охридското
Езеро и со тоа неговиот олиготрофен статус кој ја детерминира биолошката разновидност каде
припаѓаат над 200 ендемити. И покрај неговите добро познати квалитети и фунција, Блатото сè
уште го нема добиено статусот на заштитено подрачје иако предлогот за негова заштита
односно прогласување за Споменик на природата е стар со децении. Токму напротив, во
поново време сме сведоци на обиди за негово целосно уништување што би значело губење на
неговите снабдувачки, регулирачки, поддржувачки и културолошки функции. Она што е исто
така важно да се забележи е големиот потенцијал на Блатото во туризмот кој воопшто не е
искористен.

4
НЕОПХОДНОСТ ОД ИНТЕГРАЛНА ЗАШТИТА НА СТУДЕНЧИШКОТО БЛАТО
КАКО НОСИТЕЛ НА ЕКОСИСТЕМСКИ УСЛУГИ

Блатните екосистеми се проценети како едни од најпродуктивните екосистеми на планетата,


токму поради критичната улога на екосистемските услуги кои тие ги вршат (Ramsar, 2012)
односно нивната економска вредност. Иако во Македонија тие во најголем дел сè уште не се
квантифицирани, нивната функција е научно прецизно утврдена. За илустрација, според
единствената економска евалуација на екосистемските услуги во Македонија извршена за
блатото Езерани крај Преспанското езеро, утврдено е дека добивката во следните 20 години
од обновувањето на Езерани е 6,5 до 9 пати поголема од трошоците за заштита и обнова на
екосистемот (Ceroni, 2013). „Петтиот национален извештај кон конвенцијата за биолошка
разновидност“ нагласува дека веќе постојат сознанија дека придобивките од екосистемите ги
надминуваат трошоците поврзани со нивната заштита (МЖСПП, 2014).

Студенчишкото Блато, иако деградирано низ годините, сепак значително придонесува кон
екосистемските услуги во регионот. Најзначајна негова функција е филтрирање на водата и тоа
преку прочистување на подземните води и филтрирање на хранливите материи (Ковачевиќ,
2015) што директно се одразува на бистрината, односно квалитетот на водата на Охридското
Езеро и ризикот од еутрофикација која е веќе евидентна во неговиот литорален дел. Другата
значајна функција е изразена преку помагање во одржување на биолошката разновидност.
Придонесувајќи кон разновидноста на едно од биолошки најразновидните и најстари езера во
светот, Блатото има исклучително голема вредност. Пореметувањето на комплексните
екосистеми како овие, води до постепено намалување на капацитетот за извршување на
услугите. Блатото исто така придонесува за регулирање на микроклимата и многу важно,
контрола на концентрацијата на јаглероден диоксид во воздухот преку заробување на истиот,
што се во директна корелација со климатските промени на кои се проценува дека регионот е
особено осетлив. Наголемувачките температури како резултат на климатските промени, се во
директна корелација со процесот на еутрофикација, така што само за да ја задржиме
постоечката олиготрофна состојба на Езерото, внесот на фосфор би требало да се намали за
цели 50% во следните неколку години (Matzinger et al, 2006). Трошоците поврзани со
еутрофикацијата се исклучително високи (поврзани со загуба на рибниот фонд, загадување на
водите, загуба во туристичката индустрија, вредноста на недвижностите и земјиштето итн.)
(McCrackin et al, 2017). Во вакви услови, моќноста на блатото, што е во директна зависност од
неговата големина, станува далеку позначајна.

Треба да се знае дека блатните екосистеми се еколошки многу осетливи и ранливи подрачја за
што сведочи и сериозната деградација на дел од Студенчишкото Блато и драстично
намалување на неговата површина. Поголемата површина врши поголема функција,
овозможува простор за повеќе видови што значи директно ја определува биолошката
разновидност. Уште поважно, поголемата површина го прави блатниот систем поотпорен на
надворешни влијанија, односно деградација. Мора да се има предвид дека големината на
заштитеното подрачје игра многу голема улога во тоа колку и дали Студенчишкото Блато
воопшто може да фунцкионира и опстане. Затоа, неспорно е дека под заштита треба да се
стави не само постоечкиот мочурлив дел, туку и да се обнови изгубениот. Според
востановените правила за заштита на природните подрачја, одредени се и границите на секоја

5
од трите зони: Зона на строга заштита, Зона на активно управување и Зона на одржливо
користење, како што се прикажани во Интегрираната студија за Блатото (Слика 2 во Прилог).
Итегрираната студија не го прецизира подрачјето на Заштитна зона.

Токму поради важноста на екосистемските услуги и корелацијата со големина на блатната


површина, во некои земји, блатата и мочуриштата се прошируваат надвор од нивните
природни граници, па дури и се создаваат нови блата. Во тој контекст, ставањето под заштита
само на мал дел од Блатото, далеку помал од неговите природни граници од поново време и
пропуштањето на можноста тоа да биде обновено, ќе значи само формална заштита која
парадоксално би го изложила Блатото на поголема опасност од таа во моментов. Тоа исто така
ќе значи дека Општина Охрид, па и поширокиот регион, продолжуваат да ги занемаруваат
основните принципи на одржливо управување и планирање со јасни и долгорочни цели за
унапредување на регионот кои нема да бидат на сметка на неговата природа.

Туризмот е уште една од екосистемските услуги на Студенчишкото Блато која воопшто не е


искористена. Имено, до сега, екосистемските услуги на Студенчишкото блато се сосема
занемарени во плановите и активностите на локалната самоуправа. Доколку Блатото не се
заштити во најмала мера во проценетите граници според евалуацијата од 2012 (Слика 2 во
Прилог), економски придобивки од функциите кои природните процеси на Блатото ги
извршуваат и потенцијалните можности за развој на туризмот ќе бидат постепено и трајно
загубени. Згора на тоа, економската цена од трошоците кои ќе потекнат од загубата на
екосистемските услуги постојано ќе се наголемува, заедно со намалувањето на можностите за
негова монетаризација, бидејќи опасноста од уништување на Студенчишкото Блато е опасност
со многукратни последици, далеку пошироки од неговиот прост опфат. Конкретно тоа би
повлекло зголемување на трошоци за прочистување на водата за пиење, поголеми трошоци за
ревитализација, односно надоместување на загубите од биолошката разновидност, забрзани
ефекти од климатските промени и загуба од изгубена можност за добивка во туризмот,
бидејќи губењето на квалитетот на езерските води и бистрината ќе ја намали и пазарната
вредност на Охрид како туристичка дестинација (Keeler et al, 2015). Постојат сознанија и дека
местата со поголема биолошка разновидност се поатрактивни за посетителите (Freytag, A. and
C. Vietze, 2009), а Охрид во тој контекст ужива неискористена супериорност кон што Блатото
има многу важен придонес. Затоа, економската добивка од Блатото не смее да се занемари,
дури и тоа воопшто да не биде ставено во функција на туризмот.

Затоа со цел спроведување интегрална заштита и ревитализација потребно е:

• Трајна забрана на каква било урбанизација на целото подрачје;


• Отстранување на шутот;
• Дислокација на расадникот и комуналното претпријатие, како и други објекти кои
можат да бидат преместени;
• Чистење на каналите и овозможување на изгубената врска со езерото; отворање на
"окна" со вода;
• Забрана на земјоделските активности;
• Ограничување на капацитетот на плажите од каналот Студенчишта до водотекот Рача и
да се забрани поставување платформи во Езерото, насипување песок, бетонирање или
поплочување на брегот или отстранување на природната подлога. Да се забрани
отстранување на трската. Да се регулира пристапот со моторни возила до плажите;

6
• Обнова на уништените блатни заедници и ревитализација на брегот вклучувајќи го и
појасот на трска покрај Езерото.

Заштитата на Студенчишко Блато во неговата севкупна површина е особено важно и од еден


друг аспект. Имено, урбанизацијата во крајбрежјето на Охридското Езеро е непланска,
забрзана и неконтролирана. Не ретко се гради и во заштитениот крабрежен појас од 50 метри,
а легализацијата на градби е постојана практика. Затоа уште во Извештајот од 2014
Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN) констатира дека неконтролираната
изградба е најсериозна закана на крајбрежјето. Инаку IUCN меѓу другото служи и како
советодавно тело на УНЕСКО и беше дел од Реактивната мисија што го посети Охрид во април,
2017. Во Извештајот од 2017, IUCN нагласува дека регулативата во однос на користењето на
земјиштето не се спроведува доследно и состојбата на целото подрачје ја категоризира како
„исклучително загрижувачка.“ И не случајно, во најновиот извештај на IUCN, како приоритетна
потреба на подрачјето се наведува: обнова на блатните екосистеми. Студенчишкото Блато
беше во опасност од целосна урбанизација до неодамна. Меѓутоа, предлозите за само
делумната заштита на многу мала површина, по својот ефект, а појаснето погоре, не се многу
различни од целосна урбанизација. Делумна заштита воедно и недвосмислено ќе значи и
делумна урбанизација на Блатото и фактот што дел ќе биде заштитен не може да компензира
за штетните ефекти од урбанизација на неговиот остаток и непосредно до заштитеното
подрачје. Според заклучокот на Стратегиската оценка за влијанијата врз животната средина
(СОЖС) за нацрт измените на ГУП за Охрид од 2015, во однос на плановите за урбанизацијата
на овој простор се вели: „не постои мерка која би го намалила штетното влијание директно врз
Студенчишкото Блато и индиректно врз Охридското езеро освен неимплементација“.

Затоа, како единствено решение за утилизација на Студенчишкото Блато може да се смета


развој на туризам изграден врз принципите на одржливост, односно туризам „кој природните
ресурси што претставуваат клучен елемент за туристичкиот развој ги искористува оптимално,
задржувајќи ги основните екосистемски процеси и помагајќи во заштита на природното
наследство и биолошката разновидност“ (UNWTO). Хармонизацијата меѓу заштитата и неговата
поголема економска валоризација е неспорно можна за што го предлагаме решението
образложено подолу.

ЗАШТИТА И ИСКОРИСТУВАЊЕ НА СТУДЕНЧИШКОТО БЛАТО ВО ФУНКЦИЈА


НА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕДУКАЦИЈА

Блатните екосистеми добиваат сè поголема важност во туризмот. Потврда за тоа е и фактот


што Рамсар, конвенцијата за заштита на блатните системи од меѓународно значење, за прв пат
во 2012 формално го става во врска туризмот со блатните екосистеми и тоа во партнерство со
Светската туристичка организација (UNWTO). Блатните системи нудат огромни можности за
туризмот и придонесуваат за локалната економија во земјите во развој (Рамсар, 2012) Во 2012
Рамсар презентира 14 примери на одржливи туристички практики во и околу заштитени
блатни подрачја кои покажуваат каков придонес тие можат да имаат во областа на заштитата
на природата, намалување на сиромаштијата, регионалните и националните економии и како

7
поддршка кон локалната култура. Се разбира, доколку туризмот не се развива одржливо,
ризиците се многу големи.

Покрај споменатата економската важност на екосистемските услуги, Блатото располага со


огромен, неискористен потенцијал за туристичка валоризација. Тоа би се ставило во функција
во алтернативниот и екотуризмот кон кој охридскиот регион и би требало да се стреми. За да
се обезбеди развој на одржлив туризам за што потребно е да се изгради приод на „паметна
употреба“ во управувањето со Блатото. Во таа смисла, ќе треба да се овозможи соодветна
инфраструктура која би имала најмало можно влијание врз природната средина и да се
воспостават услови за афирмација на оваа запуштена и обезвреднета природна ризница.
Всушност ревитализацијата на Студенчишкото Блато би имала многукратна примена и тоа за:

1. Туристичка промоција

Со оглед на блискоста на Блатото до градот и самото езеро, неговиот развој како туристичка
локација би бил многу лесно остварлив. И тоа не само во областа на екотуризмот туку и за
развој на научниот туризам, особено поради фактот што тоа е едиственото зачувано блато на
македонското крајбрежје. Тоа од своја страна би ја збогатило туристичката мапа на Охрид со
уште еден природен феномен.

Ставено во поширок контекст, во комбинација со други активности кои Општината би требало


да ги преземе во насока на екологијата и одговорното живеење, заштитата на Блатото би
имала сублимарен ефект во развојот на туризмот. Директните ефекти би се манифестирале
преку креирање вработувања како директно поврзани со Студенчишта,така и посредно преку
ефектите од зголементата туристичка понуда. Тоа би можело многу добро да се искористи во
промотивни цели, не само како дел од туристичкиот производ на регионот, туку и во насока на
(ре)брендирање на Охрид. Во вакви услови Охрид сè уште има шанса да се стави на мапата на
уникатни примери на мало, скриено, рајско место каде заедницата одлучила да се посвети на
сопственото добро во функција на благосостојба и одржливост што едновреме но може да има
огромна промотивна вредност за регионот посебно со оглед дека еколошката свест во светот,
а посебно кај младите сè повеќе расте. Таквиот имиџ може особено да се зајакне и со
спроведување на идеите предложени во Зелената платформа на Охрид ЅОЅ.

2. Едукација

Едукативните квалитети на Блатото се исклучителни и тие би можеле многу добро да се


искористат за едукација како на туристите, така и на локалното население, запознавајќи ги
непосредно со значењето на биолошката разновидност и екосистемските услуги што Блатото
ги врши. Блатото може да се користи и како редовно место за настава во природа на сите
училишта во регионот, па и пошироко и да прерасне во „училница на отворено“. Секако треба
да се има на ум и искористувањето на едукативните квалитети во туристички цели.
Друг едукативен аспект на Блатото се однесува исклучиво на локалните жители, а тоа би било
во насока на регионалната историја, традиционалното знаење и идентитетот. Блатото, доколку
заштитено, би можело да ја возобнови врската на луѓето со своето дамнешно минато,
заемната зависност со природата која за жал е занемарена во класичното образование.
Понатаму, преку посета и разни активности (дел посочени подолу), Блатото би играло улога во
унапредување на знаењето за важноста на екоситемите и одржувањто на нивната поврзаност

8
и целовитост, за Езерото, би поттикнало позагрижен однос кон природните вредности и би
помогнало кон подигнување идни генерации на граѓани поодговорни кон средината во која
живеат и заедницата, граѓани кои правилно го разбираат концептот на одржлив развој. Сето
тоа би имало директно влијание врз социо-економскиот напредок на регионот.

3. Јакнење на еколошката свест

Во врска со претходното, јакнењето на знаењето за значењето на функциите на блатните


екосистеми директно ќе влијае на свесноста за потребата од негова заштита и негување и тоа
кај локалното население, туристите, но воедно и локалните бизниси. Токму недостатокот на
знаење и довело до сериозна деградација на Блатото во поново време како и губење на некои
ендемични видови. Ревитализацијата на Блатото може да послужи како експлицитен пример и
потврда дека заштитата и унапредувањето на блатните екосистеми со примена на соодвентни
мерки на управување може да резултира во многу поголема економска придобивка. Таквиот
пример значително би придонел кон подобро разбирање на одржливиот развој и јакнењето
на еколошката свест што би се одразило позитивно на долг рок.
Во насока на туризмот, сведоци сме на сè поголема актуелизација на проблемите со заштитата
на животната средина, а таа е веќе mainstream во развиениот свет. Ревитализацијата на
Студенчишкото Блато и негова соодвента промоција би привлекла повеќе меѓународни
посетители со изградена свест за заштита на природата, кои истото знааат да го вреднуваат и
промовираат понатаму (word of mouth), а познато е дека таквиот начин на промоција има
неспоредливо поголем повраток на инвестицијата.

МЕРКИ ЗА ТУРИСТИЧКА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА СТУДЕНЧИШКОТО БЛАТО

Во продолжение се презентирани неколку идеи во насока на развој и искористување на


локалитетот во туристички цели. Тие се претставени како концепти кои можат да се
дообработат и релативно леснода се стават во функција. Истите се осмислени како би
поттикнале интерактивен однос со природата, би вовеле освежување од класичниот, пасивен
туризам, посебно со апликација на дигиталната и интернет технологија, како локалитетот би ги
зајакнал своите атрактивни квалитети кај што поразновиден тип на посетители и особено би ги
анимирал помладите генерации.

Секако степенот на успешност ќе зависи од квалитетот на имплементација на активностите,


континуирано одржување и унапредување, начинот и каналите на промоција, компонирањето
на активностите во осмислена целина, вклопувањето во постоечката туристичка понуда итн.

ЦЕНТАР ЗА ПОСЕТИТЕЛИ

Центарот за посетители би бил почетна точка за посета на Студенчишко Блато. Тој би бил од
мали размери, изработен од дрво и дизајниран во стил кој што помалку би го опструирал
пејсажот. Истиот би служел како информативен центар, продавница за сувенири и влезници, и
едукативен пункт.

9
ШЕТАЧКИ НАДЗЕМНИ ПАТЕКИ

Изградбата на подигнати патеки за „истражување“ на природата е веќе стандард во проектите


за ставање на блатните екосистеми во полза на туризмот (Слика 3 во Прилог). Патеките би
биле изработени од дрво и би кружеле низ одредени делови од Блатото. Мрежата на патеки
треба да биде проектирана од страна на стручњаци кои ја одредуваат според екологијата на
подрачјето, со тоа што тие можат повремено и да бидат затворани во зависност од сезоната
како живиот свет не би се вознемирувал или изложил на опасност. Од безбедносни причини,
подобро е пристапот до патеките да биде временски ограничен.

Покрај дрвените патеки, Блатото може да се прилагоди за потребите на туристичката понуда


со уште неколку додатоци, образложени во продолжение и да стане една од главните
туристички атракции на регионот.

МУЗЕЈ НА ОТВОРЕНО

Концептот на овој музеј е замислен како „патување низ времето“, а би ги опфатил дрвените
патеки. Музејот ќе ја раскажува историјата на луѓето и мочуриштата, покажувајќи како, во
многу краишта на светот, блатните површини биле првите на кои луѓето почнале да ги градат
своите постојани живеалишта напуштајќи го номадскиот стил на живот. Конкретно, музејот ќе
ја раскажува приказната на Студенчишкото Блато во чија близина и во директна врска со кое
се наоѓа локалитетот каде се вршело претхристијанско обожување на водата, односно свето
место, а кое подоцна станало ранохристијанска базилика. Тоа би било клучен елемент на ова
патување низ минатото кое ќе ја долови богатата историја на цивилизацијата во регионот, како
и начинот на кој општеството се менувало под влијание на христијанството. За овој приказ да
биде што попривлечен и поинтерсен, приказната треба да биде што полокална и
поиндивидуализирана.

Напоредно со историјата на човекот, музејот ќе ја разоткрива и историјата на Студенчишкото


Блато, ќе одговори на прашањата за неговата старост, за постоењето на реликтни растенија
кои исчезнале на други места, како Македонија изгледала пред илјадници години. Всушност,
во минатото, блатните системи биле многу распространети, но како последница на разни
природни и човечки фактори, тие денес се многу ретки. Низ сето тоа, Студенчишкото Блато
опстанало за денес да ни ја пренесе приказната од дамнешното минато. А, една од причините
за неговиот опстанок, е токму Охридското Езеро.

ВРЕДНУВАЊЕ НА ПРИРОДАТА

Ревитализација на Блатото всушност значи обнова на неговиот екосистем кој помага во


одржувањето на биолошката разновидност на Езерото,што е примарна атракција на
охридскиот регион како природно светско наследство. Затоа, исклучително важно е
посетителите и локалното население воопшто, што подобро да се запознаат со вредноста и
важноста на истиот. Соодветна инфраструктура, обука на инволвираните лица и туристичката
промоција се пресудни. Тежината ќе падне на дефинирање на туристичката понуда,
диверзификација на занимливостите, иновативност на презентација и начините на анимација
и маркетинг, што сè заедно би придонело кон комерцијална остварливост напоредно со
заштитата.

10
За таа цел би се направиле:

1. Дневни инфо-табли на кои ќе се впишуваат имиња на животни и птици забележани во текот


на денот, на македонски и англиски. Истите би биле распоредени на неколку локации, треба
да бидат одржувани, а податоците ажурирани дневно.

2. Едукативни инфотабли кои би ги упатиле посетителите како да ги препознаат различните


видови. Според реткоста на видовите, тие би имале соодветни поени, на пример Врапче – 1
поен, Македонски мрморец – 5 поени итн. Ова би ја направило посетата на Студенчишкото
Блато како еден вид игра и натпревар особено за децата и семејствата, а за секоја сезона
листите би се менувале во зависност од застапеноста на видовите. Сите информации треба да
бидат достапни на веб-страна со мобилна верзија или подоцна како дел од соодветна
мобилна апликација.

3. Фотографирање како истражување. Посетителите би се поттикнувале да ги фотографираат


птиците, животните и растенијата кои ги забележале и истите да ги испраќаат до базата на
податоци. Од една страна, како непосредно би се вклучиле во истражување на Блатото, но и
како би се воспоставила интеракција меѓу природата, посетителите и науката. Во секоја сезона
би се определувале различни теми, на пример вилински коњчиња и пеперутки во текот на
летните месеци. Ова треба да биде поврзано со Фејсбук, Твитер, Инстаграм и тоа преку
приватните профили на посетителите, како и профил посветен на Студенчишко Блато, а би
било помогнато и преку официјалните профили на релевантни национални институции, веб-
страни и социјани медиуми за промоција на туризмот итн. Ваквата активност го става
посетителот во активна улога на истражувач што со себе носи возбудлива димензија, остава
поголем впечаток и гради посилна врска со местото на посета.

4. Пренос во живо (livestreaming) што може да опфати неколку различни начини:

А. Снимање на одредени харизматични и интересни видови како што е на пример видрата


кои би биле избрани и снимани во текот на нивниот животен циклус, а видеата да бидат
пренесувани во живо преку интернет. Понатаму, гнездењето на одредени птици, птици
преселници кои се среќаваат само во одредени периоди итн.

Б. Камера која би се поставувала на различни локации низ Блатото и би вршела редовен


пренос од самиот пејзаж, промените на истиот, како и случаен жив свет.

В. Камера која ќе го снима процесот на ревитализација на дадени локации од самиот почеток


со што гледачите би можеле да го следат процесот на обнова. Интересно би било да се
изработуваат и кратки time-lapse видеа, каде тоа би било многу повпечатливо. Исто така
целиот процес би бил одличен материјал за снимање документарен филм за што може да се
пристапи и до светски медиумски куќи како National Geographic и сл.

Социјалните мрежи се исклучително добар канал за ваквите аудио-визуелни медиуми. Овој


вид на презентација на живиот свет е сè попопуларен на интернет и служи како одлично
промотивно средство и вреден материјал за разновидни маркетинг содржини. Истиот може да
се користи и во едукативни и истражувачки цели.

11
5. Врз основа на забележаните видови може да се изработи лого, па дури и да се осмисли и
популаризира одреден карактер, маскота од вид којшто не е често застапен во други краишта
или пак е ендемичен. Од тука можат да произлезат многу можности за комерцијализација.
Дополнителна идеја би била, после одредено време, кога одредени видови би станале
симболи на Студенчишта, да се организираат избори за амбасадори на Блатото со избор на по
еден претставник од различни видови: птици, пеперутки, водоземци, вилински коњчиња,
видри итн.

Ваквите активности би создале и одличен материјал за децата кои би развиле поактивен однос
кон природата, понатаму организирање онлајн натпревари во кои посетителите би се
поттикнале да прават свои визуелни записи или да се организираат ликовни натпревари и
уште многу друго.

6. Да се направат набљудувачници за птици, како и да се организираат други видови


набљудувања како на пример вечерно набљудување на светулки, лилјаци или набљудување
на пеперутки итн. Реализацијата на овој тип активности не бара никаква додатна
инфраструктура и средства. Сепак, тие треба да бидат осмислени од стручни лица и водени од
страна на обучени професионалци и самите љубители на природата кои посетителите ќе ги
научат како да ги читаат многуте знаци на природата: забележување на различни видови,
препознавање на звуците, гнездата според нивниот облик или местоположба, отисоци на
птици или животни итн.

7. Организација на настани за поттикнување на поголема посетеност, посебно на денови кои


се однесуваат на природата, како на пример Светскиот ден на блатните екосистеми, Денот на
езерото, Светскиот ден на водата (во комбинација со Билјанините извори) итн. Дури можат да
се назначат и некои нови, како на пример месец на вилинските коњчиња и сл. Ваквите настани
имаат исто така и едукативен потенцијал.

8. Природно и културно наследство. Посетата на Блатото може да се поврзе и со посета на


Билјанините извори, како и со ранохристијанската базилика во непосредна близина, а од каде
може подобро да се види и самото Блато. Така би се направила комбинација на природниот со
културниот феномен и би се ставил во употреба овој монументален археолошки локалитет
којшто сега е запуштен. Базиликата во Студенчишта е изградена extra muros, на постаро култно
место, несомнено произлезено од древните претхристијански култови кон водата како
животодаровна сила, што се потврдува од самата негова убикација во непосредна близина на
едни од најобилните извори кои го снабдуваат со вода Охридското Езеро. Таа се датира кон
крајот на V – првата половина на VI век (Снајвли, 2013), односно периодот на консолидирана,
стабилна и просперитетна Византија, а кој кулминирал за време на владеењето на славниот
византиски император Јустинијан I (527-565) и има уникатни карактеристики 1 што несомнено
упатува на големиот туристички потенцијал на овој локалитет.

1
Она што е уникатна карактеристика на оваа ранохристијанска базилика е сложениот систем од простории
поставени од западната страна на наосот, како и посебниот комплекс простории на јужната страна на наосот
наменет за крштевање, што е типично за охридско-преспанскиот крај (Битракова-Грозданова; Пупалески, 1989).
Централниот кораб, нартексот и консигнаториумот имаат подови изведени во богат и извонредно квалитетно и
технички прецизно изведен мозаик.

12
Потенцијално, би можело да се истражи и наколното живеалиште во Мазија и евентуално во
близина на самото Блато и сето тоа да се преточи во една заокружена приказна за
Студенчишта истражувајќи го од повеќе аспекти.

9. Научен туризам. Ревитализацијата на Студенчишкото Блато само по себе е проект на


науката во функција на благосостојбата на луѓето. Со оглед на неговата исклучителна важност
за квалитетот на водите на едно од најстарите и најбиодиверзитетните езера во светот,
просторот би бил исклучително податлив за истражувања. Имено и покрај неговата научна
вредност, Блатото сè уште е недоволно истражено. Екосистемскитте услуги пак воопшто не се
економски проценети. Ваквата состојба, едновремено е голема можност за привлекување на
научници од целиот свет, прибавување на финансиски средства што се разбира повратно, би
имало удел во развојот на македонската наука преку know-how, нови откритија итн. Тоа е исто
така и уште еден канал за туристичка промоција на регионот.

10. Рехабилитацијата на Блатото може да се насочи и кон таргетирање на туристички целни


групи од одредени држави или групи кои гравитираат околу заеднички интерес и тоа со избор
на дадени видови кои имаат посебно значење за нив.

Исто така можат да се обмислуваат посебни приказни кои би ја спакувале понудата во


исклучително доживување на посетителот акцентирајќи ја посебноста и индивидуализирајќи
го искуството (на пр. дадена атракција може да се види само во месец август, само во даден
број денови во годината, еднаш на неколку години). Таквите доживувања оставаат посилен
впечаток и посетителите повеќе сакаат да ги пренесат на други.

ЗГОЛЕМЕНИ ПРИДОБИВКИ ЗА ТУРИСТИЧКИ РАЗВОЈ ПРЕКУ РЕГИОНАЛНА


ИНТЕГРАЦИЈА

1. Студенчишко Блато може да се вклопи во т.н. пасошка програма за Охридско Езеро што е
практика во некои заштитени зони во светот. Туристите би имале можност да добијат печат на
избрани локации околу Езерото. Би било добро тоа да се надополни и со локации на
албанската страна на езерото и Националниот парк Галичица за покомплетно и повредно
искуство и подобар ефект.

Локациите треба внимателно да бидат избрани како би се контролирал протокот на


посетители со тоа што би се избрале помалку сензитивни, но сепак места кои добро ја
претставуваат геолошката, природната и културната историја на охридскиот регион. Самите
печати треба да имаат микро-локални обележја како на пример карактеристични видови, на
пр. дива мачка за Галичица, охридскиот сунѓер за Љубаништа итн. Тие би служеле како
симболи за дадените локации. Носителите на пасош би биле повластени со попуст на цените
на јавниот превоз и изнајмувањето велосипеди како би се намалил притисокот брз патиштата
и негативните последици што произлегуваат од индивидуалниот превоз.

Како што ги собираат печатите, посетителите го креираат својот личен сувенир од Охрид –
Преспа. Наместо пасош, може да се избере некој друг предмет кој би ја вршел таа улога. На
пример на планината Фуџи во Јапонија се користат дрвени планинарски стапови, а печатите се

13
втиснуваат на нив со вжештен жиг на секоја од назначените висински точки за одмор. Така,
некој кој ја искачил целата планина постепено го гравира својот планинарски стап кој на крајот
на патувањето станува вечен симбол за постигнатиот успех, нешто што посетителот ќе го
понесе со себе како трофеј и со кој ќе се гордее и ќе им раскажува на своите блиски. На тој
начин неговото патување станува поавтентично, импресиите многу посилни, а патувањето
станува лично достигнување и инспирација за другите. Конкретно за Охрид, може да се избере
некој локално изработен предмет – сувенир кој би ја вршел оваа функција.

За печатите може да се наплаќа симболичен и фиксно одреден износ, а правото да ги издава


би било строго регулирано и би се доделувало на фирми како механизам за привлекување
муштерии. Наплатениот износ треба да се извојува за Фондот за заштита на природата
образложен подолу. Посетителите кои ќе собераат соодветен број на печати, на пример 10, 20,
30 итн. добиваат право на специјални понуди кај фирмите од регионот кои би сакале да влезат
во оваа шема. Оној кој што го комплетирал целиот сет на печати би добил специјален подарок
на пример, – Клучот на Охрид – Преспа. Може да се направи собирањето на сите печати да
биде релативно тежок подвиг кој не би можел да се постигне само во неколку денови со што
достигнувањето добива на значење, а туристите се поттикнуваат да се вратат или останат
подолго и подобро го истражат регионот.

2. Во контекст на охридско-преспанската биосфера, можат да се органзираат посебни тури во


обиколка на мини-жариштата на биолошката разновидност - Студенчишкото Блато и
природниот парк Езерани. Со ставање на Охридското Езеро на листата на Рамсар, оваа
обиколка би значела посета на два блатни екосистеми од меѓународна важност во еден ден и
би служела како сосема нов туристички производ. За илустрација, според искуствата на Грција
со Националниот парк Преспа, 15 до 20% од посетителите на паркот доаѓаат од тури кои
вклучуваат посета на блатата/мочуриштата.

НЕОПХОДНА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ОВОЗМОЖУВАЊЕ НА ПРЕДЛОЖЕНИТЕ


АКТИВНОСТИ

За обезбедување на потребната инфраструктура на подрачјето ќе бидат потребни следните


средства:

1. Дизајн и изградба на центар за посетители и патеки.

2. Стандардни информативни табли, мапи и цртежи кои ќе ја раскажуваат приказната


заместото. За оваа цел треба да се разгледа можноста за спонзорства од локалните фирми.

3. Дигитални записи за симнување од интернет, како на пример подкаст кои посетителите ќе


можат да ги слушаат додека се шетаат. Можат да се направат за различни теми, на македонски
и на повеќе странски јазици, за кои би се наплаќала извесна сума или би биле делумно
бесплатни, а со плаќање за подетални информации.

4. QR кодови на различни локации би се користеле за „екстра тајни приказни“ кои би го


направиле доживувањето уште поиндивидуално.

14
5. Областа би можела да се користи за краткотрајни изложби на различни теми на кој начин
повторната посета на Блатото би била поразлична и резултатот од истата поинаков од
претходниот, а и самото место би било посетувано од посетители на кои посетата на Блатото
не им била примарна цел.

6. Можат да се додадат уметнички елементи во просторот како доживувањето би било


поуникатно. Во тој контекст треба да се посвети повеќе внимание и на естетиката на таблите
кои би можеле да се изработат во соработка со локален уметник или дизајнер.

7. Во иднина можат да се применат достигнувањата во областа на проширената реалност


(augmented reality) како приказната за историјата на локалитетот би се оживеала уште повеќе и
би се надминале ограничувањата што секоја сезона неминовно ги има.

8. Водичите кои би ги воделе турите треба да бидат специјално обучени и потковани со повеќе
информации од оние кои се бесплатно достапни и секако лица кои се грижат за заштитата на
природата.

9. Понуда на часови за обука за набљудување на живиот свет (разликување на птиците според


летот, пеењето, препознавање на траги на животните, разбирање на однесувањето на
животните итн.) што би ги воделе стручни лица.

10. Фиксирани телескопи без стакло (долгунести цилиндри за насочено гледање), поставени на
дадени локации би го насочиле погледнот на посетителите кон траги од животни, гнезда,
растенија или други интересни нешта. Ова се применува веќе успешно на други блатни
подрачја.

11. Телескопи за набљудување на живиот свет, пејзажот и поширокото подрачје, планината


Галичица, Езерото итн.

12. Да се искористат комерцијалните можности кои произлегуваат од некои харизматични


видови со изработка на локални занаетчиски предмети како и изработка на дигитални стикери
кои би биле бесплатни за симнување во апликации како WhatsApр, Viber, Line (најпопуларна
во Азија), WeChat (најпопуларна во Кина), SnapChat, Facebook messanger и сл.

13. Да се обезбеди присуство на Студенчишко Блато на социјалните медиуми како примарна


регионална атракција.

РЕШАВАЊЕ НА СЛУЧАЈОТ СО ИМОТИ ВО ПРИВАТНА СОПСТВЕНОСТ

Исклучително е важно да се знае улогата што Студенчишко Блато ја игра во одржувањето на


поширокиот екосистем на Езерото. Тоа е еден од клучните елементи кој го дефинира
природниот капитал кој е или незаменлив или пак повлекува исклучително високи трошоци за
надоместување на придобивките од истиот. Важноста за гарантирање на долгорочен опстанок
на Блатото се од национален интерес и на тој начин треба и да се пристапи во случајов.

Според податоците на националниот катастар, а според предложеното зонирање во


Интегрираната студија за Блатото, Зоната на строга заштита во целост, а Зоната на активно

15
управување безмалку во целост се во сопственост на Република Македонија. Тоа значи дека
само делови од зоната предвидена за одржливо користење се во приватна сопственост. Со
оглед на исклучителната важност Студенчишко Блато да биде не само заштитено, туку и
ревитализирано, тие имоти државата треба да ги откупи од приватните сопственици. Исто така
треба да се утврди и како и дали сопствениците се стекнале со право на сопственост врз
земјиштето, односно дали сопствениците го купиле или го узурпирале. Во вториот случај, а
доколку лицата веќе се стекнале со сопственичко право по основ на користење, земјиштето би
се откупило по пониска цена.

Доколку за одредени имоти се утврди дека не мора да бидат национализирани, или пак
сопствениците не се волни да ги отуѓат, но заштитата на подрачјето ќе ги оневозможи да вршат
одредени активности, тие би имале право на дел од приходите кои ќе се собираат преку
наплаќање влезници, организирани тури, продажба на сувенири, научни посети и сл.

Сепак, сметаме дека најдобро решение би било целокупната зона предвидена за заштита да
биде во државна сопственост.

МЕРКИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ФИНАНСИИ ЗА ЗАШТИТА НА


СТУДЕНЧИШКОТО БЛАТО И НЕГОВО СТАВАЊЕ ВО ФУНКЦИЈА НА
ТУРИЗМОТ

Финансирањето на Студенчишкото Блато би требало да се обезбеди од повеќе извори. Треба


да се прави разлика помеѓу иницијалните трошоци и трошоците поврзани со понатамошните
фази. Најголемите трошоци би биле во иницијалната фаза, за изградба на инфраструктура и
ревитализаиција на деградираниот дел од блатото и евентуално за откуп на земјиште. Дел од
овие трошоци би требало да се финансираат од буџетот на Република Македонија, a за
ревитализацијата и инфраструктурата може да се обезбедат средства преку програмите на
UNDP, GEF, KFW банката, PONT, Ramsar, UNESCO, Европската Унија итн.

Во понатамошните фази, а за поголеми проекти би било добро да се аплицира за проектот EU-


LIFE кој финансира обнова на поголеми подрачја, често реки и поплавни подрачја, а дел од
одобрените средства ги наменуваат за истражување.

Друга начин на финасирање би бил crowdfunding при што средствата се прибираат глобално
(на пример IndieGoGo, Kickstarter и сл.). Овој вид на финансирање може да се користи за
специфични поголеми проекти, како на пример рехабилитација на живеалишта и сл.

Финансирањето на самото управување е многу важно и за него е потребен инпут и од


приватниот сектор за што се понудени идеи во делот што следи.

16
ДОПОЛНИТЕЛНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

Корелацијата помеѓу чистата вода и биолошката разновидност од една страна и финансискиот


прилив од туризмот е веќе потврдена. Привлечноста на карактеристиките на природните
пејзажи е веќе добро позната. Од друга страна, заробувањето на јаглеродот игра суштинска
улога во намалувањето на трошоците поврзани со промената на климатските шеми во
годините што доаѓаат.

Студенчишкото Блато ги обезбедува сите овие екосистемски услуги за охридскиот регион.


Затоа, соодветно е овие трошоци да бидат вкалкулирани во трошоците на локалните бизниси
особено во текот на почетата фаза кога сè уште се воспоставуваат основите за развој на
подрачјето во туристичка атракција. И тоа:

1. Наплата на билети за посета, но бесплатно за жителите на охридско-преспанскиот регион.


Дополнително би се наплаќало за соодветни активности како на пример фото сесии, снимање
филмови, реклами и сл.

2. Дел од наплатите од купување на производи на аеродромот да оди во фондот за Блатото


што би ги намалило штетите од емисија на јаглероддиоксид од меѓународните летови. Ова
може да се изведе во соработка со авиокомпаниите како Визаир, а може да се направи и
проба со плаќање по желба, на пример, при купувањето на авиобилетот, купецот да има
можност да плати нешто повеќе, односно одреден износ кој би одел за заштита на Блатото.
Ова е веќе позната практика кај некои авикомпании. Еден пример за тоа е компанијата Cebu
Pacific од Филипините во партнерство со WWF.

Уште една позната практика која може да се примени е кутија за донации на охридскиот
аеродром, каде посетителите би можеле да ги остават непотрошените денари пред
заминување, а кои донации би оделе во фондот за заштита на Блатото.

3. Друга можност би била наплата за употреба на крајбрежните патишта од страна на


нерезидентни автомобили во летниот период (локалните жители, такси превозниците и
јавниот сообраќај не потпаѓаат во оваа категорија). Тоа би ја поттикнало употребата на јавниот
превоз и би го намалило притисокот врз постоечкиот пат Охрид – Св. Наум.

4. Во Платформата за зелен и современ Охрид или т.н. Зелена платформа, ја понудивме


идејата за воспоставување Сертификат: Зелен Охрид (името е избрано само за илустрација).
Локалните бизниси, особено од доменот на туризмот, но не ограничено само на нив, би имале
можност доброволно да придонесуваат кон регионалниот фонд за заштита на природата во
кој би било вклучено и Студенчишкото Блато. Сертификатот Зелен Охрид би бил силно
промовиран како би се постигнало негово препознавање како бренд од локалните жители и
од посетителите. Промицијата би се вршела низ медиумските и други интернет канали,
официјалните промотивни средства на локално и државно ниво (брошури, каталози, веб-
страни, па дури и во материјалите за привлекување странски инвестиции), списанијата во
авионите итн. Така и локалните бизниси ќе добијат сопствена промоција, ќе бидат поттикнати
на уште поголема грижа, ќе бидат препознаени како одговорни претприемачи и ќе служат
како поттик за вклучување на што поголем број кон оваа шема.

17
5. Како алтернатива би можело да се разгледа и можноста за додадвање на мал износ кон
цените на ноќевањата која би била не само јасно истакната туку и нашироко промовирана, а
која сума би влегла во фондот за заштита. Објаснувањето за ваквиот потег се наоѓа едноставно
во фактот што природната средина, вклучувајки го и Студенчишкото Блато се суштинска
компонента на среќниот одмор на посетителот, а нивното одржување е неопходно, особено
што туристичката посета неминовно има и негативни последици врз истиот. Упатениот
посетител, ќе знае и повеќе да го цени она што го добива. Промоцијата на ваквата давачка би
помогнало кон подигнувањето на свесноста за вредноста на регионот како светско наследство
и би го подобрила имиџот на Охридкако регион кој ја разбира и сериозно ја сфаќа заштитата
на природата.

6. Доброволен фонд во кој посетителите би можеле да приложат одреден износ како донација
кон одржувањето и трајната заштита на Студенчишкото Блато. За посетителите да се
мотивираат, тие треба да имаат јасна информација за тоа колку е важен нивниот придонес кон
одржувањето на целовитоста на водниот екосистем и како тие стануваат активни заштитници
на најстарото езеро во Европа или едно од најстарите езера на светот. Алтернативно,
донациите можат да се категоризираат и во зависност од износот, посетителите да добиваат
некакво признание (печат Пријател на Езерото, значка или висулче со ендемичен вид, попуст
во бизнисите со зелен сертификат итн.)

7. Финансиски средства кои би се прибирале по основ на издавање печати во програмата за


локални пасоши образложена во делот за регионална интеграција.

8. Прилив на средства од спонзорства за учество кон инфотаблите и другите потребни средства


за осмислување на музејот на отворено, манифестации итн.

Преглед на приливот на средства по основ на овие механизми треба да биде достапен за


јавноста во секое време и искористен како дополнително промотивно средство за
поттикување уште поголема поддршка. Во рамките на оваа шема може и внимателно да се
разгледа и евентуална можност за компензација на сопствениците на имоти кои потпаѓаат во
заштитените зони.

18
АКЦИСКИ ПЛАН

Акцискиот план ги дава основните чекори за остварување на понудениот план. За таа цел,
потребно е:

1. Формирање Управен одбор составен од двајца експерти од областа на природата од кои


барем еден би дошол од Хидробиолошкиот завод, еден претставник од Општина Охрид, еден
претставник од сопствениците на земјиште во областа (доколку е можно) 2 и двајца
претставници од невладиниот сектор од областа на екологијата од кои еден од Граѓанската
иницијатива Охрид ЅОЅ.

2. Изработка на план за управување со Студенчишко Блато кој долгорочно ќе ги определи


насоките и начините на одржување и унапредување со доброто.

3. Изработка на детален бизнис план кој ќе ги пресмета потребните трошоци вклучително и


трошоците за одржување и потенцијалните извори на приходи. Трошоците би можеле да се
покријат преку комерцијални активности, меѓународни фондови за заштита на природата, но
исто така и преку дополнителни мерки (објаснети во Мерки за обезбедување финансии).

4. Отворање посебен фонд за заштита на природата каде ќе се собираат средства наменети за


управување со Студенчишко Блато како заштитеното подрачје, организација на едукативни
манифестации итн. Овој фонд всушност може да биде наменет за повеќе цели поврзани со
екологијата и заштитата на природата, од кој еден сегмент би бил Студенчишко Блато. (Некои
идеи се наведени во Зелената платформа).

5. Изработка на нацрт-дизајн за центар за посетители и шетачки патеки со целосно почитување


на посебно осетливите природни подрачја, изработен од домашни и меѓународни експерти со
претходно докажано искуство во рехабилитација на блатни екосистеми. Истиот би подлежел
на Стратегиска оцена за влијанието врз животната средина.

6. Дефинирање на програми за рехабилитација на Блатото.

7. Одредување на целни видови и локации за пренос преку интернет.

8. Истражување на можности за партнерство меѓу граѓаните и науката (каде граѓаните


придонесуваат во собирањето податоци кои се од полза за науката) со акцент на
меѓународните посетители.

9. Осмислување и отпочнување со тренинг за водичите и вработените.

10. Отпочнување со изградбата на шетачките патеки, набљудувачниците и инфотаблите.

11. Отворање канали преку социјалните медиуми каде идејата за обнова на Блатото би се
покривала од самиот почеток, како и пробив преку популарни канали на организации, групи,
влијателни блогери, еко-активисти итн.

2
Во случај државата да не го откупи целото земјиште кое сега е во приватна сопственост.

19
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Во врска со заштитата и ревитализацијата на Блатото, не смеат да се изостават следниве


активности.

• На покана од Охрид SOS, од 30 април до 4 мај, Охрид ќе биде домаќин на годишниот


конгрес на Европскиот огранок на Друштвото на научници на блатните екосистеми
SWS (Society of Wetland Scientists). На конгресот ќе учествуваат стотина научници,
светски експерти од областа на блатните екосистеми кои ќе го посетат и проучат
Блатото. На барање на Охрид ЅОЅ, во рамки на конгресот ќе се формира работна група
која ќе елаборира предлог за заштита и ревитализација на Блатото согласно теренските
истражувања. На конгресот ќе присуствуваат и стручњаци од Рамсарската конвенција
за водни системи од меѓународно значење, кон која се надеваме дека Охридското
Езеро и Блатото ќе се приклучат оваа година, а за што Охрид ЅОЅ прави напори веќе
повеќе од една година.

• Во ноември 2017, SWS испрати барање до Македонскиот комитет на Рамсар и Владата


на РМ како поддршка на иницијативата на Охрид ЅОЅ за покренување на постапка за
прогласување на Блатото за блатен екосистем од меѓународно значење според
Рамсар. Охрид SOS e во директен контакт со преставници на Рамсар од кои е
потврдено дека Блатото ги исполнува условите заедно со Охридското Езеро да бидат
прогласени за Рамсар место. Ако се дозволи урбанизација дури и на дел од Блатото,
ваквото признание нема да има никаква смисла.

• Во мај 2017, на покана на Охрид SOS, Блатото и Хидробиолошкиот Завод беа посетени
од Проф. д-р Јос Ферхуфен, тогашен претседател на Европскиот огранок на SWS. Тој
не само што посочи дека Блатото може релативно лесно да се ревитализира, туку и
напомена дека неговата јужна граница може да се помести со шти би се зголемила
површината бидејќи пределот јужно од реката Рача е блатен и претставува природно
продолжение на Блатото. Како што беше образложено погоре, поголема блатна
површина врши и поголема функција.

20
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Битракова-Грозданова, Вера; Пупалески, Бојан. 1989. „Ранохристијанската сакрална архитектура во


Преспа”, Лихнид, бр.7, Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј – Охрид
2. Ковачевиќ Б. Д-р, Градежен институт „Македонија“ АД Скопје. 2015. Нацрт извештај за стратегиска
оцена на животната средина за измена и дополна на генералниот урбанистички план за Охрид
3. Министерство за животна средина и просторно планирање. 2014. Петти национален извештај кон
конвенцијата за биолошка разновидност на Република Македонија
4. Снајвли, Каролина.2013. „Ранохристијанскиот период во Р. Македонија - црквите“, Македонија.
Милениумски културно-историски факти, том 3, МПМ, Скопје
5. Охрид ЅОЅ. Октомври 2017. Платформа за зелен и современ Охрид
6. Спировска М. et al. 2012. Интегрирана студија за состојбата на остатокот од Студенчишкото Блато и
преземање мерки за негова ревитализација
7. Ceroni Marta. 2013. Breaking new grounds in conservation in the Republic of Macedonia: The economic
case for long-term protection of the Ezerani Nature Park, part of UNDP Integrated Ecosystem Management
in the Prespa Lakes Basin project
8. Department of Environment and Energy, Asutralia. Wetlands Australia National Wetlands Update 2012,
Issue No.20
9. Dodds, W. K., W. W. Bouska, J. L. Eitzmann, T. J. Pilger, K. L. Pitts, A. J. Riley, J. T. Schloesser, and D. J.
Thornbrugh. 2009. Eutrophication of US Freshwaters: Analysis of Potential Economic Damages.
Environmental Science and Technology 43 (1)
10. http://ec.europa.eu/environment/life/about/
11. Freytag, A. and C. Vietze. 2009. Biodiversity and international tourism: a story of comparative advantage.
The Open Political Science Journal 2:22-34
12. International Union for Conservation of Nature (IUCN). 2014. World Heritage Outlook, Natural and
Cultural Heritage of Ohrid Region
13. International Union for Conservation of Nature (IUCN). 2017. World Heritage Outlook, Natural and
Cultural Heritage of Ohrid Region
14. Keeler, B.L., S. A. Wood, S. Polasky, C. Kling, C. T. Filstrup and J. A. Downing. 2015. Recreational
demand for clear water: evidence from geotagged photographs from visitors to lakes. Frontiers in Ecology
and the Environment 13(2):76-81
15. Matzinger, A., M. Schmid, E. Veljanoska-Sarafiloska, S. Patceva, et al. 2007. Eutrophication of ancient
Lake Ohrid: Global warming amplifies detrimental effects of increased nutrient inputs
16. McCrackin, L. Michelle, Holly P. Jones, Peter C. Jones, David Moreno-Mateos. 2017. Recovery of lakes
and coastal marine ecosystems from eutrophication: A global meta-analysis. Limnology and Oceanography,
62 (2): 507–518
17. Ramsar. 2012. Tourism and Wetlands
18. Ramsar and UNWTO. 2012. Destination Wetlands, Supporting Sustainable Tourism
19. UNEP and UNWTO. 2005. Making Tourism More Sustainable - A Guide for Policy Makers
20. Van der Duim, R and Henkens, R, 2007. Wetlands, poverty reduction and sustainable tourism development,
opportunities and constraints. Wetlands International, Wagenigen, The Netherlands

21
ПРИЛОГ

Слика 1. Мапа на опфатот Студенчишта според ГУП за Општина Охрид

22
Слика 2. Предлог за заштитено подрачје - Студенчишко Блато според Интегрирана студија
за состојбата на остатокот од Студенчишкото Блато и преземање мерки за негова
ревитализација

Слика 3. Надземни патеки низ блатни подрачја

23
Искористени фотографии од Македонско Еколошко Друштво и Митко Пероски. Сите права на
авторите се задржани. Оваа публикација нема комерцијална намена.

You might also like