You are on page 1of 14

Универзитет “Гоце Делчев” - Штип

Факултет за музичка уметност

Дипломска работа
отсек – џез тапани

Ментор: Кандидат :
Доц. М-р Сашо Поповски Момчило Делев
Бр. на индекс : 12375

Штип, 2016
Содржина

Кратка биографија............................................................... 3

All the things you are …………………………………………………. 4

Odwalla ………..……………………………………………………………… 6

Caravan ………………………………………………………………………… 8
Биографија :

Момчило Делев е роден на 29.05.1994 година во Гевгелија. Живее во с.


Негорци, каде завршува основно училиште во “Владо Кантарџиев” – Гевгелија.
Потоа своето школување го продолжува во средното училиште СОУ “ Јосиф
Јосифовски “ – Гевгелија, завршува општа гимназија. Потоа своето школување
го продолжува на музичката академија при универзететот “ Гоце Делчев “ –
Штип, на отсекот Џез тапани. Својата музичка кариера има ја градено во многу
локални бендови, и еден од членовите на хорскиот оркестар “ Гортинија “ –
Гевгелија. Исто така беше член на џез квартетот “ Flat Five “, со истиот квартет
има настапувано на повеќе џез фестивали, како што е неодамна одржаниот
“ Бош фестивал “ во Гевгелија.
Тема – Потекло :

All the thing you are е песна компнирана од Jerome Kern со напишан текст од
Oscar Hammerstein. Песната е компонирана за мјузиклот Very Warm of May во
1939, а подоцна се појавува во филмот Broadway Rhythm во 1944. Овој
стандард е еден од по познатите џез стандарди. Песната се рангираше во топ
петте на Record Buynig Guide of Bilboard магазинот, според анкета примарно
направена во Џубокс индустријата. Снимањата на Tommy Dorsey, Artie Shaw и
Frankie Master ја издигнаа песната за време на нејзината иницијална
популарност.
Хармонска анализа :

All the things you are е поделена на 4 дела, со тоа што првите два се под
делови на една поголем дел.

А дел: А делот е во првите 8 тактови. Има два тонални центри во


првите осум тактови, Ab и С :

 Првите пет такта зодржат 6-2-5-1-4 прогресија во тоналитетот Аb...


 Потоа продолжува познатата 2-5-1 прогресија во тоналитетот С.

Може да се забележи како композиторот ги поврзува двата тоналитета


со движење од полустепен помеѓу акордот Dbmaj7, кое е четврто стапало во
Аb, во петтиот такт и акордот Dm7, кое е второ стапало во тоналитетот С, во
шестиот такт. Иако овие два акорди се од различни тоналитети, фактот дека
тие се разликуваат за полустепен прави да има мека модулација.

А-1 дел: Следните осум тактови имаат слична тонска структура како
и првите осум тактови, само што сега тоналитетите се Eb и G:

 Првите пет такта во оваа секција се 6-2-5-1-4 хармонска


прогресија во тоналитетот Eb...
 Потоа доаѓа 2-5-1 хармонска прогресија во тоналитетот G за да се
заврши секцијата. Ова е истата прогресија на акорди што ја има и
во првите осум тактови, само што сега е транспонирана за чиста
кварта надолу, односно движи според т.н. квартно тркало.

Ако ги гледаме вторите осум тактови како транспонирана верзија на


првите осум, ќе се создадат мотивски идеи за првата половина од
композицијата. Се што се свири во првите осум тактови може дасе отсвири во
вторите осум тактови, но кварта пониско, или квинта повисоко зависно од како
размислуваме за тоа.

B дел: Тактовите од 17-ти до 24-ти такт, најчесто се сметаат за бриџ


секција во „All the things you are”. Поради промена на мелодиската линија, сега
се среќаваат нови два тоналитета.
 Првите два татка во бриџот се 2-5-1 хармонска прогресија во
тоналитетот G, кој следи со...
 2-5-1 хармонска прогресија во следните три тактови во
тоналитетот E. Хармонската прогресија е иста како и во
претходните три такта, но во различен тоналитет.
 Бриџот завршува со кратка 2-5 хармонска прогресија од два такта
во тоналитетот F moll, кој води во завршниот дел на
композицијата. Овие два акорди, Gm7b5 и C7b9, се два од
најважните акорди во оваа композиција.

A-2 дел: Првите пет тактови од оваа секција ја повторуваат истата


прогресија од првите пет такта од А делот, пред да се премине на новиот
материјал во 30-от такт.

Вторите 4 такта од оваа секција, 29-32, содржат џез прогресија


која е често среќавана низ стандардните џез литератури, IVmaj7-IVm7-
IIIm7-bIIIdim7. Прогресијата почнува со IVmaj7 акорд во 29-от такт, кој
потоа станува IVm7 акорд, пред да се снижи во IIIm7 и да се разреши во
bIIIdim7 акорд.

bIIIdim7(Bdiim7) акордот потоа се разрешува во IIm7(Bbm7)


акордот во 33-от такт. По снижувањето композицијата завршува со 2-5-1
хармонска прогресија во тоналитетот Ab. Последниот такт од овој дел
содржи 2-5 прогресија во тоналитетот F moll, како што е и крајот на
бриџот. Ова е употребено за да се врати композицијата во првиот акорд,
односно шестото стапало во Ab, акордот Fm7.
Odwalla

Втората половина на минатиот век носи еден сосема нов бран на влијанија на
музичката сцена во центарот на културните актуелности и збиднувања. Меѓу
првите кои ги наметнале овие влијанија бил „Уметничкиот Ансамбл на Чикаго“
(Art Ensemble of Chicago), чии музички интереси и дострели го надминуваат
доменот на џезот од тоа време. Бидејќи џезот не е затворен за влијанија
„однадвор“, може да се каже дека секој музички експеримент всушност не
претставува „излез од џезот“, туку проширување на џезерската литература и
вокабулар.

Odwalla е тема напишана од Роско Мичел (саксофонистот во “Art Ensemble of


Chicago”), за прв пат снимена на концертот во Минхен во 1980, од кој концерт
подоцна е издаден албумот со работен наслов Urban Bushmen, наслов кој сам
по себе е сугестивен, во смисла на обидот во него да се спојат две навидум
драстично различни традиции: Американската урбана со Африканската
рурална култура. Овој обид е се разбира, повеќе од успешен!
Името Odwalla доаѓа од истоимениот лик од една песна-поема насловена како
„Илиструм“ (Illistrum) напишана од Малахи Фејворс, каде Odwalla во односната
песна е името на ликот кој „ги поведува луѓето на Сонцето“ надвор од „сивата
магла“. Песната „Илиструм“ е издадена во рамките на албумот „Фанфари за
Воините“ од 1973-та, албум кој е тематски сличен со албумот “Urban Bushmen”.

Од хармонски и формален аспект, темата (Odwalla) е во Б-мол, во 4/4 такт, со


два карактеристични формални делови, кои хармонски се идентични, но
тематски различни. Во таа смисла, хармонскиот „круг“ трае 16 такта,
тематскиот „круг“ 32, додека пак целата форма трае 48 такта, со оглед на тоа
што се изведува како А – В – А. Сепак, често била изведувана и како А – А – В,
или А – В – В и тоа од страна на самиот автор, во зависност од неговото
моментално расположение, што само по себе сугерира дека изведувачот треба
да ги следи личните преференции и сам да одбере како оваа тема ќе ја
третира во формална смисла. Во смисла на пулсацијата, постојат верзии и
снимки и во свинг, како и во афро-кубанска варијанта.

Хармонската слика во “Odwalla” е многу проретчена и се сведува на 4 различни


акорди. Прогресијата е како што следува: 4 такта на тоника (Bb-7), два такта на
субдоминанта (Eb), повторно два такта а тоника (Bb-), два такта на снижено
шесто дурско стапало (F#), два такта на молска доминанта (F-), и четири такта
на тоника (Bb-), со што се заокружува хармонската слика. Во смисла на
амбиентот кој се создава, мое да се каже дека 16-те такта можат да се поделат
на 8 дорски и 8 (природно) молски такта. Дорскиот амбиент доаѓа до израз
заради присуството на нотата G во мелодијата, кое е стапало специфично за
дорскиот модус од B, додека пак природниот молски амбиент се најавува со
појавата на дурскиот трозвук на сниженото 6-то стапало (F# dur).

Од ова може да заклучиме дека Мичел во својот минимализам, освен што


бројот на хармониите го свел на минимум, истовремено и употребените акорди
се претставени во својата најрудиментарна форма, како едноставни трозвуци,
без септимите и тензионите тонови, кои се толку карактеристични во џезот.
Неговот мајсторство е токму во тоа што неговиот минимализам не го намалува
музичкиот квалитет, ниту содржината на неговите дела.
Тема – Потекло

“Caravan” е џез стандард и една од најпознатите песни од големиот репертоар


на Дјук Елингтон, а егзотичниот звук на оваа позната композиција се должи на
композиторот Хуан Тизол. Најпрво е претставена во 1936 година под
диригентската палка на Барни Бигард, но во присуство на Дјук Елингтон и
неговиот оркестар, во бавно темпо нагласувајќи ги суптилните сенки од
диригентскиот аранжман. Оваа композиција била снимена и изведувана од
многу џез музичари како што се Бени Гудман, Чарли Бигард и многу други.
Инаку пијанистите имаат тенденција оваа песна да ја изведуваат во друго
темпо, за да ги покажат својте техники на свирење. Такви биле Арт Татум и
Оскар Петерсон. Од вокалстите оваа композиција била изведувана од Ела
Фицџералд, која исто како и пијанистите го променила темпото во својата
изведба, со цел да ги покаже своите способности како импровизатор.

Оваа композиција е претавена во еден американски филм од 2014 “Whiplash”,


како доста важен содржински елемент. Исто така е преработена од браќата
Милс, во акапела верзија, заменивајќи ги иструментите со нивните гласови.
Постојат над 350 снимни од „Караван“.

Стил, мелодија, форма и хармонска анализа:

Caravan е композиција со средно темпо од латино стандардите во намалено


време 2/2. Темата е напишана во F minor, има 64 такта, а формата е А-А-В-А.
Секоја секција содржи по 16 такта.

Во првите 4 такта може да се согледа дека акордот G7, функционира како


доминантата С7 која е V7 тон од хармонската F minor скала. F minor акордот
во овој случај е Fm7 со што не се вклопува во хармонската F minor скала. И
покрај стандардната II-V-I прогресија во хармонскиот минор, во џез музиката F
minor најчесто е заменуван со Fm7 (каде доаѓа до прогресија во F дорски
модус). Пијанистите и гитаристите најчестто го нагласуваат V7 како II-7 кој
полека се вклопува во прогресијата. Секој од четирите намалени акорди може
да користи како замена за доминантниот 7ми акорд.

Симетричната скала од 8 ноти се состои од најизменично степени и


полустепени. Има 2 различни модуса, едниот почнува со полустепен, а другиот
со интервал. Доминантната скала од 8 ноти = полустепен – степен –
полустепен - степен. Оваа скала ги содржи сите акорди од доминанта 7
акорд (1,3,5 и b7), како и b9, D# и F#. Се користи за доминантниот 7ми акорд,
особено кога содржи додадени високи ноти. Намалената скала од 8 ноти =
степен – полустепен – степен – полустепен.

Оваа скала ги содржи сите акорди од доминантниот 7ми акорд (1, b3, b5 и 6).
Не ги содржи сите тонови од доминантата, минор, полу намалени и мајор 7те
акорди.

Бриџот во оваа композиција има доста среќно расположение. Акордот на


прогресија се движи во серија од доминантни акорди во круг на петини, се
додека да стигне до Abmaj7, кој е главен тон исто како и F minor. Потоа се
враќа во C7 како подготовка за последната А секција.

You might also like